3 работи кои треба да ги знаете ако имате мермерни кујнски елементи

3 работи кои треба да ги знаете ако имате мермерни кујнски елементи

Кога станува збор за кујни, речиси и да нема подобар избор од мермер. Сепак, ова е инвестиција која треба да ја третирате како скапа луксузна чанта. Со малку труд и правилна грижа, мермерните кујнски елементи ќе ви траат цел живот. Па погледнете некои од најважните совети кои треба да ги знаете.

3 работи кои треба да ги знаете ако имате мермерна помошна маса

1. Обложувајте ја работната плоча на секои 3 до 6 месеци

Мермерот е природен производ кој апсорбира и испушта течности. Обложувачите за камен треба да бидат вашето тајно оружје и користете ги на секои 3 до 6 месеци. Ако забележите дека бојата на мермерот потемнува кога е влажен, тоа е знак дека почнал да впива влага.

2. Избегнувајте киселини

Киселините го разградуваат калциумот, една од главните состојки на мермерот, и можат да остават трајни траги на него. Најчестите „уништувачи“ на мермерната површина се цитрусните киселини и оцетот. Кога подготвувате храна со овие намирници, секогаш користете заштита. Исто така избегнувајте ги средствата за чистење кои содржат киселини.

3. Веднаш отстранувајте ги дамките

Снабдете се со средства за отстранување дамки и користете ги веднаш кога ќе ја извалкате плочата. Избелувачот е одличен за отстранување траги од вино. За поекстремни случаи, секогаш можете да побарате професионалец кој ќе ги отстрани дамките од вашата маса.

Погледнете ги и овие совети за пролетно чистење на домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар