26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

Сите ние ја поседуваме способноста на некого да му го разубавиме денот преку мали, случајни добри дела кои покажуваат дека се грижиме. Знаејќи колку болка и страдање има ширум светот, треба сите да вложиме барем малку труд со цел на другите да им покажеме човечност и љубов. Заедно можеме да го направиме светот многу поубаво место за живеење.

26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

Еве неколку едноставни нешта кои може да ги направите уште денес:

1. Одведете го новиот колега на ручек.

2. Заблагодарете се и насмевнете му се на возачот од автобусот.

3. Исчистете го снегот или искосете ја тревата во дворот на соседот.

4. Испратете ѝ цвеќе на вашата мајка без причина.

26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

5. На некого подарете му копија од вашата омилена книга.

6. Нарачајте храна и испратете ја на адресата на ваш пријател.

7. Платете автобуска карта и за човекот што влегува после вас.

8. На некој ваш пријател помогнете му да ја заврши работата која ја мрази.

9. Оставете голем бакшиш.

26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

10. Волонтирајте 1 час дневно.

11. Побарајте го стариот пријател со кој не сте се виделе долго време.

12. Купете му кафе на непознат човек.

26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

13. Јавете им се на вашите родители само за да ги поздравите.

14. Згответе храна, спакувајте ја и дајте му ја на некој на кого му е навистина потребна.

15. Донирајте храна и облека во локалното засолниште за бездомници.

16. Напишете писмо и испратете го.

26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

17. Прашајте некоја постара личност како се чувствува и дали има потреба од помош.

18. Понудете се да го чувате бебето на вашите пријатели кои заслужуваат романтична вечер.

19. Изненадете го вашиот партнер со неговиот омилен десерт.

20. Еден ден дајте им комплимент на сите луѓе кои ќе ги сретнете.

26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас

21. Излезете на вечера со вашиот пријател и ниту еднаш не го вклучувајте вашиот телефон за време на вечерата.

22. Искажете благодарност кон пријателите за нешто кое тие многу одамна го направиле за вас.

23. Откажете се од бесцелната борба за нешто кое нема голема важност во вашиот живот.

24. Изработете некое уметничко дело за љубените, дури и да не поседувате никакви уметнички таленти.

25. Потсетете ги луѓето кои ви се важни дека се гордеете со нив и нивните достигнувања.

26. Опростете.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар