2+1 диета за која малкумина чуле: Ослабете до 5 килограми за 2 недели

Постојат толку многу диети што веќе сè потешко станува да се избере соодветната за вашето тело. Но, за да ви помогнеме во изборот, решивме да ја споделиме оваа 2+1 диета што е малку позната, но неверојатно ефикасна.

Диета 2+1 за која малкумина чуле: Ослабете до 5 килограми за 2 недели

Станува збор за режим на исхрана што се води по принципот консумирање повеќе храна со помала калориска вредност. Тоа значи дека во центарот на вашата исхрана треба да биде зеленчукот. За време на следниот оброк, наполнете ја чинијата со 75% зеленчук, а остатокот со некој протеин – месо, риба, јајце, соја…

Нутриционистите тврдат дека доколку се придржувате до оваа диета 2 недели, вие можете да изгубите и до 5 килограми, а потоа, организмот ќе ви се навикне и сам ќе бара поздрава храна. Со цел да постигнете оптимални резултати, ограничете ја порцијата со протеини на 80 грама по оброк – јадете бело месо, печено со минимално количество масло, риба богата со омега 3 киселини, додека остатокот од чинијата може да се покрие со моркови, целер, зелка, краставица или кој било друг зеленчук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар