Ако чувствувате дека срцето ви тежи, прочитајте го ова

Сосема е во ред што лежите во вашиот кревет, бледо зјапајќи во таванот, спремни да заплачете. Во последниве неколку години сè што се обидувате да направите е да најдете начин како да го средите вашиот живот, но ви се чини дека сите околу вас успеале во оваа цел, а вие не сте ни почнале. Како едноставно само повеќе да расипувате сè што веќе имате.

Ако чувствувате дека срцето ви тежи, прочитајте го ова

Само што ќе помислите дека правите добро, без разлика на причината, нешто се случува и почнувате да се обвинувате себеси. Вие знаете дека требало да бидете подобри, да сте се однесувале поинаку или да сте размислувале на друг начин… И ова е нормално да се чувствува по долг период вртење во круг каде што изгледа како да нема излез.

Знаеме дека сте исплашени затоа што мислите дека не сте доволно добри. Вие се плашите бидејќи ги гледате вашите врсници како добро се движат низ животот, а вие само стоите во едно место. Се плашите за тоа што другите го мислат или кажуваат за вас. Се плашите и дека на крајот ќе паднете, а другите ќе ве гледаат како неуспехот што знаете дека сте и затоа сите ќе ве напуштат, дури и оние кои некогаш верувале во вас. Вие сте исплашени, и тоа е разбирливо.

Но, ние имаме нешто да ви кажеме: Вие никогаш не сте биле неуспех!

Ако чувствувате дека ви се плаче, слободно исплачете се. Сигурно мислите дека пропаѓате во овој момент, но сите имаат такви периоди. Сосема е во ред да се чувствувате изгубено. Како инаку би се пронашле себеси? Само треба да бидете трпеливи и ќе го најдете вашиот излез.

Во овој момент, најважно е да не се откажете – никогаш! Можеби вашето срце ви тежи и можеби во умот имате илјадници мисли, но мора да продолжите понатаму. Мора да продолжите без разлика колку страшно ви изгледа или колку силно треба да се борите. Штом сте нашле сила да го прочитате овој текст, вие веќе сте еден чекор понапред од досега. Се обидувате со помош на овие зборови да се кренете на своите сопствени нозе и да почнете да чекорите.

Никогаш не заборавајте: Вие сте на правиот пат и еден ден ќе бидете горди на себе! Ќе успеете!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар