Претходно
18 бјути трикови кои задолжително ви требаат во вашата рутина
Датум: 29 окт 2015
Коментари: 0
Постојат многу трикови и совети за убавина. Најверојатно многу од нив сте прочитале, а утредента веќе сте ги заборавиле. Но, овие што ќе ви ги откриеме денес се брзи, лесни и едноставни, а сепак многу корисни. Погледнете!

1. Решение за подуени очи – метални лажички! Оставете ги лажичките да отстојат преку ноќ во фрижидер, а потоа кога ќе се разбудите, ставете ги на очите.

2. Нанесете го вашиот коректор по нанесувањето на пудрата, никако пред неа!

3. Нанесете го бронзерот како на сликата за да добиете сончев, здрав сјај.

4. Доколку сакате свеж, природен изглед, натапкајте малку безбоен балсам за усни на образите.

5. Ако не сакате вашето лице да биде многу нашминкано, само пополнете ги веѓите. Погледнете колкава голема разлика ќе направите!

6. За сјајна кожа, измешајте еден дел илуминатор и два дела пудра.

7. Навлажнувајте ја кожата три минути по туширањето за таа да не се суши.

8. Изберете нијанса на кармин која е за две нијанси потемна од вашата природна боја на усни.

9. Користете памучна маица за сушење на косата наместо пешкир.

11. За поголеми очи, нанесете неутрален молив за очи по внатрешноста на долната линија.

12. Ако изгледате уморно, осветлете ги краевите на вашите очи за да ја привлечете светлината.

13. Користете го коректорот на вистинскиот начин за да изгледате будно и помалку уморно.

14. Користете лажица за да откриете каде се наоѓаат вдлабнатините на вашите образи.

15. Бидете сигурни дека вашето руменило започнува најмалку два прсти подалеку од вашиот нос.

16. Нанесете масло од чајно дрво на мозолчето веднаш штом ќе го забележите. Го дезинфицира и го суши.

17. Користете темен лепак за да ги залепите лажните трепки. На овој начин тој ќе се слее со вашите трепки и тушот за очи.

18. Направете мермерен ефект на вашите нокти така што во една лажица ќе помешате лак за нокти, а потоа во смесата ќе ги ставате ноктите.






























