12 особини што ги поседуваат незаборавните жени

„Луѓето ќе заборават што сте кажале. Ќе заборават што сте направиле. Но, никогаш нема да заборават какви чувства сте им предизвикале.“ – Маја Ангелоу

Постојат многу прекрасни жени кои се храбри и незаборавни. Најчесто, животот не е праведен кон нив и луѓето многу ретко ја препознаваат нивната вредност. На таквите жени им е смачено од љубовни драми, озборувања и караници. Тие станале имуни на лажните ветувања кои ги добивале од просечните, креативните и зафатените мажи. Каква и да била врската, на крајот завршувале исто. На крајот не им останувало ништо друго освен сеќавањата заплеткани во лаги.

12 особини што ги поседуваат незаборавните жени

Можеби морале да ги напуштат луѓето кои ги сакале, но тие никогаш не ги заборавиле. Иако никој не им се извинил директно и не си го погазил егото, овие жени никогаш нема да бидат заборавени. Незаборавните жени поседуваат палета на особини што многу ретко се наоѓаат кај луѓето. Во продолжение дознајте за кои особини станува збор…

1. Тие се емпатични

Ги разбираат луѓето повеќе од останатите и не мора да поминат низ истите проблеми за да ги почувствуваат истите емоции. Тие точно можат да препознаат како се чувствувате. Токму затоа, луѓето честопати им се отвораат.

2. Речиси никогаш не ја покажуваат нивната болка

Човекот кого најмногу го сакале ги изневерил и морале да поминат низ трауматично искуство. Но, најдобрата пријателка се венчава за 1 месец. Незаборавните жени знаат колку ќе им биде тешко, но не сакаат да им ја уништат забавата на другите. Тие активно ќе учествуваат во сите подготовки за свадбата, а со болката ќе се справуваат сами.

3. Тие се многу добродушни

Нивната душа е премногу добра. Тие секогаш им помагаат на другите, а сопствените потреби ги ставаат на последно место. Прво мора да им помогнат на сите останати, па потоа ќе почнат да мислат на себе. Секогаш се тука за луѓето и несебично ги поддржуваат.

4. Знаат да простат

Без разлика колку биле повредени, тие веруваат во прошката. Секогаш им даваат втора шанса на луѓето, кои непрестајно ги разочаруваат. Но, тие и понатаму продолжуваат да простуваат. Знаат дека простувањето е најдобриот начин да се ослободат од негативните емоции.

5. Многу се независни

Нивната независност ги инспирира сите останати. Тие секогаш ги следат своите принципи и не зависат од никого. Дури и да не знаат како да направат нешто, се обидуваат сами да најдат начин. Многу се независни и посебни.

6. Многу се енергични

Незаборавните жени зрачат со енергија. Тие знаат како да им дадат вистинска поддршка на сите позитивни подвизи. Нивната енергија пренесува толку позитивна аура што на луѓето не им преостанува ништо друго освен да го извлечат најдоброто од себе.

12 особини што ги поседуваат незаборавните жени

7. Многу се страсни

Тие се страсни за сите работи што ги прават. Без разлика дали решиле да си подготват топла бања или да организираат хуманитарен концерт за бездомниците, тие се многу посветени и уживаат во сите нивни активности. Нивната страст е многу инспиративна.

8. Нивната љубов е безусловна

Ним не им е важно дали љубовта им е возвратена. Тие се полни со љубов дури и за луѓето кои не им се толку блиски. Незаборавните жени ги сакаат сите и тоа го покажуваат отворено што им помага на луѓето да стекнат позитивно мислење за себе. Тие се подготвени да сторат сѐ за луѓето кои ги сакаат.

9. Даваат добри совети

Незаборавните жени поминале низ многу потешкотии и затоа стекнале голема мудрост. Нивните совети можат да ги решат сите проблеми.

10. Имаат самодоверба и верба во луѓето

Тие веруваат во себе, но и во луѓето околу нив. Незаборавните жени поминале низ толку многу проблеми што многу добро ги познаваат своите силни страни. Освен тоа, тие веруваат дека и другите луѓе можат да ги надминат сите потешкотии. Имаат верба во нивните блиски и знаат дека се многу способни иако можеби тие самите се несигурни во себе.

11. Нивната убавина доаѓа однатре

Незаборавните жени се прекрасни не затоа што се убаво нашминкани и облечени, туку затоа што имаат добра душа. Тие навистина ги мислат сите зборови што ги изговараат. Зрачат со елеганција што ги засенува сите бои на шминката. Нивниот шарм предизвикува восхит кај сите луѓе околу нив.

12. Тие се упорни

Што и да се случи, незаборавните жени секогаш остануваат упорни. Ништо не може да го промени тоа. Иако биле повредени милион пати, тоа не ги натерало да почнат да ги повредуваат другите. Тие успеале да ги задржат своите морални вредности и принципи, без оглед на сѐ. Ниту една бура не може да ги поколеба.

Незаборавните жени се навистина посебни. Доколку се пронајдовте во текстот, никогаш не заборавајте дека поседувате неверојатни особини. И во најтемните ноќи, вие блескате како најсјајната ѕвезда што неуморно ги осветлува животите на сите луѓе околу вас.

Прочитајте и за 10-те работи кои ги прават силните жени, но никогаш не ги кажуваат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар