11 работи што можеби не сфаќате дека девојката ги прави за да се заштити себеси

Многу девојки кои биле повредени во претходните љубовни врски, имаат потешкотии да се опуштат во наредните. Врз основа на тоа, тие несвесно прават многу работи, со цел да се заштитат себеси. Иако секој има свој начин да го стори тоа, постојат неколку работи кои ги карактеризираат овие девојки. Погледнете за што станува збор.

11 работи што можеби не сфаќате дека таа ги прави за да се заштити себеси

1. Тешко е да ја запознаете. Таа била повредена претходно, па сега нема намера да биде отворена книга која секој би можел да ја прочита. Таа ја цени својата приватност и сака да биде сигурна дека личноста вреди за да ги сподели со неа важните информации.

2. Таа е повеќе заинтересирана да научи нешто за вас, отколку да зборува за себе. Пред да може да ви верува, таа треба да ве запознае. Сака да знае дека сте личност од доверба и дека нема да ја изневерите. Таа не ги кажува своите тајни на кој било, туку чека да ѝ докажете дали сте вредни за тоа.

3. Нема веднаш да спие со вас. Тоа не е затоа што не го сака тоа или затоа што не сте ѝ привлечни, туку само сака да види дали сте спремни да ја чекате и дека спиењето не ви е најважното нешто.

4. Таа е претпазлива кога запознава нова личност. Можеби ќе согледате дека таа е срамежлива пред непознати луѓе, иако не е таква во нејзината природа. Ќе видите дека нејзината нервоза не е само кон вас, туку таа потешко се отвора и пред другите.

5. Сака да ви докаже дека е доволна. Нејзините претходни искуства направиле да се чувствува бескорисно, па затоа сега сака да им покаже на останатите дека тоа не е вистина. Таа е сигурна во себе и одбива да ветува нешто што не може да го исполни.

11 работи што можеби не сфаќате дека таа ги прави за да се заштити себеси

6. Таа сака да ја заштитите. Не затоа што е слаба или затоа што не може самата да се грижи за себе, туку затоа што сака да погледне надвор од себе и да знае дека има некој кој би можел да ја заштитува.

7. Сака да имате доверба во неа. Нејзиниот најголем страв е дека таа може да ве разочара. Дури и да се обидува постојано да прави сѐ најдобро и да е доволно паметна за да ви го даде она што ви е потребно, сѐ уште ќе биде загрижена. Таа сака да биде сигурна дека е способна (а и вие да верувате во тоа) да биде најдобриот партнер што би можеле да го имате.

8. Внатрешно, таа е посилна отколку повеќето други. Таа е внимателна затоа што речиси секогаш очекува работите да тргнат наопаку. Не судете ја според тоа колку пати паднала, туку по тоа колку сила ѝ било потребно за да се издигне повторно.

9. Ѝ требате најмногу кога се борите. Колку и да е далеку од вас, таа се грижи за вашите чувства. Кога не сте во ред, тогаш најмногу ѝ треба вашето уверување дека вие двајцата ќе поминете низ тоа заедно.

10. Ви овозможува вие да бидете иницијатор. Кога вие сте иницијатор за нешто, со тоа го зајакнувате интересот за неа и ги намалувате нејзините сомнежи дека не ја сакате колку што таа ве сака.

11 работи што можеби не сфаќате дека таа ги прави за да се заштити себеси

11. Таа ве сака жестоко. Причината што ја вознемирува и ја тера да биде внимателна за да започне врска, е тоа што таа жестоко верува во љубовта. Доколку можете да поминете низ овој почетен период со неа, тогаш таа ќе биде посветена на вас засекогаш.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар