10 видови бакнежи и нивните значења

Бакнежите откриваат многу за намерите на вашиот партнер, особено на првиот состанок и на почетокот на врската воопшто. Сигналите кои тој ви ги пренесува преку бакнежот понекогаш можат да бидат збунувачки, па овие совети можеби ќе ви помогнат да ги одредите неговите чувства и намери.

10 видови бакнежи и нивните значења

1. Бакнеж во образ – Ова е учтив бакнеж. Може да значи неколку работи, зависно од личноста и од тоа колку долго се гледате со неа. На првиот состанок може да значи дека партнерот ја тестира ситуацијата за да не делува преагресивно. Во ваков случај може да значи дека вие треба да иницирате вистински бакнеж во уста.

2. Брз бакнеж – Ваков бакнеж во текот на нова врска обично значи „ми се допаѓаш“ или „ми беше забавно“. Ова особено го практикуваат луѓето кои не се изразуваат многу вербално за своите чувства.

3. Бакнеж со отворени очи – Ако забележите дека другиот не ги затвора очите кога ќе го бакнете, тоа значи дека тој е повеќе набљудувач отколку учесник во ситуацијата. Не трудете се многу околу него.

4. Бакнеж со затворени очи – Ваквиот бакнеж е рецептивен. Кога ги затворате очите, вашите сетила за допир се засилуваат и поради тоа можете поцелосно да уживате во бакнежот.

5. Неангажиран бакнеж –Ви се чини како другата личност да е помалку посветена на бакнувањето од вас? Ова може да е знак дека таа е преокупирана со други работи, па затоа овој бакнеж не води никаде.

6. Целосен бакнеж во уста – очите се затворени, а бакнувањето е бавно. Ова покажува дека двајцата уживаат во нивната физичка интеракција. Доколку некој ве бакнува на овој начин, продолжете понатаму.

7. Француски бакнеж – бакнување со отворена уста, при кое јазиците се целосно ангажирани. Ова е сигурен знак дека личноста се чувствува страсно и невоздржано во однос на физичката врска што ја има со вас.

8. Патувачки бакнеж – Ова е тип бакнеж кој почнува од устата, но продолжува да патува до разни делови од лицето и вратот, па и надолу. Овој бакнеж „има намера“ да ве возбуди и обично води до нешто многу повеќе од бакнување. Ако не сте подготвени за секс, подобро прекинете го партнерот.

9. Нерешителен бакнеж – Овој бакнеж може да сугерира дека личноста е срамежлива во физичката интеракција или пак не е сигурна како вие ќе реагирате. Во секој случај, од вашата реакција ќе зависи дали бакнежот ќе продолжи и ќе биде повторен повеќе пати.

10. Смачкан бакнеж – Неговото лице е прилично притиснато врз вашето, така што чувствувате повеќе болка одошто задоволство? Ова е знак дека личноста нема поим што прави. Затоа, треба да се обидете да бидете фини и да ѝ дадете до знаење дека треба да го намалат интензитетот.

Па, следниот пат кога ќе појдете на состанок, проценете ги чувствата и намерите на вашиот партнер, врз основа на бакнежот кој ќе го сподели со вас. Којзнае, можеби тоа ќе биде клучно за вашата иднина на љубовен план.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар