10 реченици на кои треба да се сетите кога ви изгледа дека животот не е фер

Никако да ви тргне во животот? Ви изгледа дека ништо нема смисла и дека среќата постојано ве заобиколува? На секој од нас животот понекогаш ни изгледа неправеден, но треба да живеете со мислата дека најдоброто допрва доаѓа. Следните 10 цитати ќе ви помогнат да размислувате позитивно и да не ја губите надежта кога ви изгледа дека животот не е фер.

1-10-rechenici-na-koi-treba-da-se-setite-koga-vi-izgleda-deka-zhivotot-ne-e-fer-www.kafepauza.mk_

1. „Понекогаш само треба да поразговарате со 4-годишник и 84-годишнк за повторно да го разберете животот.“

2. „Што и да правите, никогаш не се враќате кај она што ве скршило.“

3. „Кога ви изгледа дека нема за што да бидете благодарни, проверете го вашиот пулс.“

4. „Запомнете дека ситуацијата во која моментално се наоѓате не е вашата крајна дестинација. Најдоброто допрва доаѓа.“

5. „Кога животот е сладок, кажете благодарам и славете. Кога животот е горчлив, кажете благодарам и учете.“

6. „Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш нè насочуваат на пат кој ќе нè доведе до најдобрите работи кои ќе ни се случат во животот.“

7. „Секој ден е нова прилика да го промените вашиот живот.“

8. „Најдете нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога ќе мора да барате малку подолго.“

9. „Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.“

10. „Најлошото што ќе ви се случи во животот ќе ве научи никогаш да не го земате најдоброто здраво за готово.“

2-10-rechenici-na-koi-treba-da-se-setite-koga-vi-izgleda-deka-zhivotot-ne-e-fer-www.kafepauza.mk_
Следните 5 совети секогаш нека ви бидат на ум кога ви изгледа дека животот не е прекрасен и кога е потребно малку да ве „поттурнат“ во живот…

1. Нека откажувањето никогаш не биде ваша опција

Секој во животот има тешки периоди и тоа е неизбежно. Во тие моменти замислете колку би бил животот празен доколку во него би немало предизвици. Без тешкотиите и проблемите никогаш нема да созреете и да научите. Тогаш не би живееле, туку само би постоеле со константно чувство на досада и стагнација. Препреките нè прават живи, нè поттикнуваат на промени и рушење на бариери, без нив би паднале во „замката“ на удобноста и самозадоволството. Можеби моментално ви изгледа дека животот не е фер, но тоа не значи дека секогаш ќе остане така. Без разлика на сѐ, продолжете да гледате кон сонцето и со тек на време сенките ќе останат зад вас.

2. Отворете го срцето и умот за промените

Често го комплицираме животот, бидејќи се плашиме од промени. Меѓутоа, промените се потребни, бидејќи нè прават внимателни, ни помагаат да созрееме и благодарение на нив, константно се развиваме и учиме важни лекции. Промените често не се лесни и удобни, но токму во тоа лежи и нивната важност и вредност, зар не? Најдобрите работи во животот всушност се случуваат кога ќе дојдеме до пресекот, кога сѐ ни изгледа црно и кога не можеме да замислиме дека ќе ни биде подобро. Кога мислите дека сте стигнале до крајот и дека не можете повеќе, тој очај всушност ви покажува по кој пат треба да продолжите. Сето она што е добро во животот никогаш не доаѓа лесно, но токму заради тоа што не паѓа од небо ни дава и толкава среќа и задоволство.

3. Секогаш сетете се дека имате избор

Во секој момент вие имате моќ да го контролирате сопствениот живот. Никаква надворешна сила не одлучува за тоа која работа ќе ја работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате. Сѐ лежи во вашите раце, па наместо да се плашите од таа одговорност или да ја негирате, прифатете ја. Запомнете: Кога се чувствувате скршено, тоа значи дека мора да донесувате подобри одлуки за самите себе, па дајте си прилика и така да биде. Заслужувате да бидете среќни, но понекогаш едноставно треба време за да ја пронајдете таа среќа.

3-10-rechenici-na-koi-treba-da-se-setite-koga-vi-izgleda-deka-zhivotot-ne-e-fer-www.kafepauza.mk_

4. Запомнете дека болката никогаш не трае засекогаш

Ако болката трае засекогаш, нема да знаеме што е среќа. Треба да го запознаеме чувството на тага и болка за да бидеме способни да ја почувствуваме среќата. Соочете се со тие негативни, лоши и често непријатни чувства и оставете ги едноставно да поминат низ вас. Колку подолго им се спротивставувате, толку подолго ќе живеат во вас. Прифатете ја болката и заблагодарете ѝ се што ве научила вредни лекции. Болката може да биде драгоцен учител ако ја прифатите наместо да ја осудувате и постојано да посакувате да ве остави на мир.

5. Фокусирајте се на сето она што е добро во вашиот живот

Често кога се чувствуваме скршено, се фокусираме само на лошото во животот наместо на доброто. Доколку го насочите вниманието само на лошото, тогаш и ќе привлекувате само лоши работи. Многу студии заклучиле дека луѓето кои се благодарни имаат подобри односи со другите луѓе, имаат подобро здравје, имаат оптимистички погледи на животот…

Ви предлагаме да ги прочитате и овие цитати кои ќе ви помогнат да останете позитивни дури и кога минувате низ тежок период,

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар