10 модни трендови за кои момците кажаа огромно ДА!

Дали некогаш сте размислувале за модните трендови кои момците (не) сакаат да ги видат на својата партнерка? Поголемиот дел од жените се свесни за облеката која мажите сакаат да ја видат на нив, но некои тренди модни парчиња од оваа листа се навистина неочекувани. Секако, секогаш е најважно да го облечете и да го носите она во кое вие се чувствувате убаво и удобно, а не она што најмногу го сака вашиот партнер. Меѓутоа, мислењето од спротивниот пол е секогаш интересно, а особено доколку станува збор за парчињата облека кои мажите ги одобруваат…

1-kje-ostanete-shokirani-10-modni-trendovi-za-koi-momcite-kazhaa-ogromno-da-www.kafepauza.mk_

1. Голем шешир

Ако ги прашувате момците, ова ретро парче е едно од омилените модни додатоци на жените. Тоа ги враќа во интересно минато време, изгледаат дамски и им ја поттикнува фантазијата.

2-kje-ostanete-shokirani-10-modni-trendovi-za-koi-momcite-kazhaa-ogromno-da-www.kafepauza.mk_

2. Фармерки со висок струк

Ја нагласуваат фигурата и во нив задникот секогаш изгледа фантастично.

3-kje-ostanete-shokirani-10-modni-trendovi-za-koi-momcite-kazhaa-ogromno-da-www.kafepauza.mk_

3. Тренди џемпери

Џемперите со интересни натписи или слики се знак дека девојката има стил, карактер, смисла за хумор и доволно самодоверба за да го покаже тоа.

4-kje-ostanete-shokirani-10-modni-trendovi-za-koi-momcite-kazhaa-ogromno-da-www.kafepauza.mk_

4. Спортска облека

Со еден збор – хеланки. Ако ги прашате момците кому треба да му дадат Нобелова награда, нивниот одговор ќе биде, на личноста која ги измислила спортските хеланки од ликра во кои женското тело изгледа совршено.

5-kje-ostanete-shokirani-10-modni-trendovi-za-koi-momcite-kazhaa-ogromno-da-www.kafepauza.mk_

5. Ретро рокерска блуза

Иако момците најчесто не ја разбираат женската мода и парчињата облека што се во тренд, ретро блузите со принт од некој рокерски бенд за нив има совршена смисла. Само бидете сигурни дека вашата блуза е доволно мала за да не ја „позајми“ вашето момче.

6-kje-ostanete-shokirani-10-modni-trendovi-za-koi-momcite-kazhaa-ogromno-da-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за повеќе модни трендови што мажите ги одобруваат…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар