10 чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки

Желбата за чоколадо секогаш се јавува после солен оброк, но многу луѓе немаат време и енергија да подготвуваат десерт после подготвувањето на главниот оброк. Во овие случаи, ќе ви се најдат овие чоколадни десерти за кои се потребни само 3 состојки.

1. Орео топчиња

(1)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 12 топчиња:

  • 1 пакување Орео колачиња
  • 230 грама крем сирење
  • 350 грама бело чоколадо, растопено

Начин на подготовка:

Смелете ги Орео колачињата, а потоа измешајте ги со крем сирењето. Формирајте топчиња од смесата и ставете ги во фрижидер да се стврднат. На крај натопете ги во растопеното бело чоколадо.

2. Сладолед од банана и чоколадо

(2)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 8 сладоледи:

  • 7 банани
  • 250 грама путер од кикирики
  • 200 грама темно чоколадо

Начин на подготовка:

Прво направете го сладоледот од банана и путер од кикирики така што ќе ги измешате двете состојки. Ставете ја смесата во калапи и замрзнете. Потоа прелијте ги сладоледите со растопено темно чоколадо и уживајте во овој вкусен и здрав десерт.

3. Чоколаден мус

(3)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 5 порции:

  • 140 грама чоколадо
  • 240 милилитри хопла
  • 3 белки од јајца
  • Шлаг, за декорација

Начин на подготовка:

Зовријте малку вода во тенџере. Измешајте ги чоколадото и 1/4 од хоплата во огноотпорен сад. Ставете го садот над тенџерето, но внимавајте да не ја допира водата. Растопете го чоколадото мешајќи со лажица додека не добиете хомогена смеса. Потоа изматете ги белките од јајцата во еден сад, а во друг изматете ја преостанатата хопла. Додајте го шлагот во растопеното чоколадо со постојано мешање. Додајте ги и белките и мешајте додека смесата не се изедначи. Ставете го мусот во мали садови и оставете го фрижидер барем 2 часа.

4. Колачиња со темно чоколадо и путер од кикирики

(4)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 12 колачиња:

  • 120 грама темно чоколадо
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • 170 грама путер од кикирики

Начин на подготовка:

Подмачкајте го калапот за мафини со масло. Ставете ги чоколадото и кокосовото масло во огноотпорен сад и ставете го врз тенџере со зовриена вода. Мешајте додека не се растопи чоколадото, 2 до 3 минути. Ставете го чоколадото во калапот за мафини и оставете малку простор во секој калап. Ставете го калапот во фрижидерот околу 5 минути. Потоа додајте го путерот од кикирики врз чоколадната смеса и замрзнете, околу 30 минути.

5. Браунис со чоколадо и лешник

(5)10-chokoladni-deserti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-3-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки за 9 парчиња:

  • 500 грама намаз од лешник
  • 130 грама брашно
  • 3 големи јајца

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 120 степени. Измешајте ги сите состојки во еден сад. Подмачкајте ја тавата со масло за јадење и ставете ја смесата во неа. Печете околу 25 минути.

Можете да најдете уште 5 рецепти на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар