Јапонските научници откриле нова, неверојатна намена на ова масло

Научниците од Универзитетот Кјото тврдат дека рибиното масло ги согорува маснотиите околу стомакот многу поефикасно од моментално достапните пилули кај луѓето што се во триесеттите и четириесеттите години. Рибиното масло ги активира рецепторите во дигестивниот тракт и го покренува нервниот систем, по што клетките полесно ги согоруваат маснотиите.

Масното ткиво не ја задржува целата маснотија. Таканаречените бели клетки ги задржуваат маснотиите со цел да направат залиха на енергија, додека кафените клетки ги трошат маснотиите и ја одржуваат телесната температура стабилна.

Бебињата имаат поголем број кафени клетки, но тој број со текот на времето се намалува.

Третиот тип – беж клетки, кои се многу слични на кафените клетки, се неодамна откриени кај луѓето и глувците. Нивниот број се намалува во средната животна доба, а без нив маснотиите полесно се насобираат и остануваат неискористени.

„Од претходните истражувања дознавме дека рибиното масло има огромни здравствени предности вклучувајќи го и спречувањето насобрани маснотиите. Направивме тестови со цел да утврдиме дали постои поврзаност помеѓу рибиното масло и зголемениот број на беж клетките“, објаснува водечкиот научник Теруо Кавада.

Истражувањето било спроведено на група глувци што се хранеле со мрсна грана, и група глувци што ја јаделе истата храна но со рибино масло. Глувците што ја јаделе храната со рибно масло имале 10% помала маса и 15-25% помалку маснотии во споредба со оние што не консумирале рибино масло.

Научниците исто така откриле дека белите клетки се претвораат во беж клетки кога се активира нервниот систем, што значи дека клетките кои собираат маснотиите добиваат можност и да ја согорат.

„Луѓето отсекогаш говореле дека јапонската и медитеранската храна води кон долговечност. Сега знаеме зошто е тоа така“, заклучува Кавада.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар