Едноминутно тестирање на јазикот што открива дали треба ВЕДНАШ да посетите доктор!

Сите ние треба самите на себе да си бидеме доктори, бидејќи најдобро го знаеме сопственото тело и способни сме да откриеме кога има некаква промена. Обрнувањето внимание на симптомите, како и навременото одење на доктор може да спречи голем број болести или барем да ја намали нивната прогресија. Некои од знаците што нашето тело ни ги испраќа воопшто не се ни комплицирани, само треба да знаете како да ги препознаете.

Токму затоа и ви го претставуваме овој брз тест со чија помош можете да го проверите сопственото здравје преку јазикот. Сè што треба да направите е да земете обична метална лажичка и со неа да ја „изгребете“ целата површина на јазикот кој претходно ќе биде обилно намачкан со плунка.

Откако ќе го сторите тоа, ставете ја лажичката во проѕирна кеса и изложете ја на светло – или под сонце или под ламба. Почекајте една минута, па погледнете ја лажичката. Што ви открива таа?

Што говори мирисот?

Ако се појавил непријатен мирис кој е силен, тоа може да биде индикатор на проблеми со желудникот или белите дробови. Слаткиот мирис може да укажува на дијабетес, додека киселиот може да укажува на проблеми со бубрезите.

Што говори изгледот?

Ако на лажичката се појавиле дамки кои се жолтеникави, тоа може да укажува на проблем со тироидната жлезда. Виолетовите дамки се индикатор на бронхитис, лоша циркулација или пак, високо ниво на холестерол. Белите дамки можат да укажуваат на респираторни инфекции, а портокаловите често се последица на болести на бубрегот.

Прочитајте и што ќе се случи со вашето тело ако го допрете непцето со јазикот и дишете длабоко 60 секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар