Застрашувачки споменик за 440-те жени што биле убиени од своите сопрузи во Турција минатата година

Постои одредена убавина и сила во слабоста, како што би кажале некои мажи. Но, понекогаш нееднаквоста помеѓу луѓето може да донесе само тага. Една од овие ситуации е домашното насилство, што е толку чест, но сепак не доволно разговаран проблем. Токму затоа и еден артист во Турција сакал да ја зголеми свесноста за овој проблем со помош на визуелен споменик што не може да биде игнориран. Водејќи се од традицијата да се изнесат чевлите пред врата по смртта на човекот што живеел во таа куќа, тој поставил 440 пара штикли за спомен на 440-те жени што за само една година биле убиени од своите сопрузи во Турција. Фотографиите во продолжение без сомнение ќе ви предизвикаат морници по телото…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар