Што се случува кога сите хороскопски знаци ќе се најдат на автобуска станица?

Замислете ја следнава ситуација: Чекате автобус на станица со вашето друштво коешто се сочинува од останатите 11 хороскопски знаци. Овој урнебесен но реалистичен приказ на оваа ситуација без сомнение ќе ве насмее и ќе ве расположи! Епа ајде да видиме што ќе се случи…

Овен: „Што е со превозниве средства, досега можев да купам автобус, да го расклопам, повторно да го составам и да го донесам на станицава…“

Јарец: „Расклопувањето можеби би ти одело тешко. За тоа е потребен експерт.“

Лав: „Кој ме викна? Можам да ви покажам како се прави тоа, но некој друг ќе мора да го направи.“

Девица: „Ако нешто не можеш до крај да го направиш сам, откажи се од тоа.“

Овен: „Кој вели дека ми треба нечија помош?“

Вага: „Ве молам смирете ја тензијата, ова не мора да биде непријатно време ако се забавуваме едни со други.“

Близнаци: „Некој спомна забава? Ајде да ги преместиме броевите на пероните за возачите да не знаат каде треба да застанат со автобусот!“

Стрелец: „Конечно некој со визија!“

Јарец: „Ве молам воозбилете се, не е тоа приватен имот за да го фаќате. Зарем не почитувате ниту едно правило?“

Бик: „Ех да беше приватен имот па да не изгледаше вака… и оваа станица, и овој перон, и автобусите… нема човек ни каде сендвич да купи.“

Вага: „Ако ви е утеха, барем не сме сами.“

Скорпија: „Самотијата е половина здравје.“

Водолија: „Не може да ме утеши фактот дека сум во група со единаесет луѓе со кој немам апсолутно ништо заедничко. Ова е губење време.“

Риби: „Од секој може по нешто да се научи.“

Вага и Девица: „Какви се овие манири?“

Рак: Сè ова е домашно воспитување. Во мое време не се разговараше вака со луѓе.“

Овен: „Да бидам искрен, тука само ќотек помага.“

Близнаци и Стрелец: „Ќе се претвори ли овој ден во нешто интересно?“

Девица и Јарец: „Би било интересно само ако се почитуваат правилата во оваа држава и автобусите престанат да доцнат.“

Водолија: „Ако некој е заинтересиран да направи нешто, а не само да зборува, веќе познавам некои луѓе кои можат да го решат тоа. Ќе им се јавам и ќе завршам работа.“

Лав: „Се кладам дека јас знам поважни луѓе.“

Скорпија: „Џабе ви е што знаете луѓе кога не се знаете себеси.“

Рак: „Страв ми е дека ќе останеме тука до вечер. Потоа ќе бидеме присилени да спиеме на клупи. Тоа не е безбедно.“

Бик: „Нема шанси! Јас да спијам на таа даска?“

Овен, Јарец, Стрелец: „Ах, каде сè не сум спиел јас досега…“

Риби: „Ако на некој му треба ќебе, можам да му го дадам моето.“

Девица: „Како мислите да спијам на туѓо ќебе?“

Близнаци: „Никој никаде нема да спие, тоа е само губење време. До вечер ќе бидеме којзнае каде.“

Вага и Водолија: „Додека сме тука, можеме да ја прошетаме станицата и да запознаеме некои интересни луѓе?“

Скорпија: „Ако му требам на некој, ќе бидам во меана.“

Риби: „Те молам почекај ме, ќе дојдам и јас.“

Рак: „Ах, и јас би испил нешто, ама имам некои проблеми со гастритис, не ми е лесно…“

Девица: „Сега јас ќе го решам тоа…“ (вади аптека од торба)

Јарец: „Мислам дека во моментов најважно е да ја пронајдеме одговорната личност за овој хаос и сериозно да поразговараме со неа.“

Овен и Лав: „Додека овие се бават со гастритис, меани, ќебиња и останати тривијалности, ние може да направиме нешто значајно. Ќе дојдеме со тебе!“

По некое време автобусот пристигнува на станицата… Овенот, Лавот и Јарецот се караат со возачот поради каснењето, Стрелецот и Близнаците нашле приватен превоз без никој да ги види, Скорпија ги изнесува пијаните Риби од меаната, кои ги седи Ракот замотан во омиленото ќебе бидејќи заладило, а Вагата И Водолијата пронашле три личности кај кои ќе преноќуваат кога ќе одат на пат, два животни пријатели, симпатија и бизнис партнер. Бикот си седи на истото место од почетокот и нема намера да се помести. Девицата потроши цел пакет влажни марамчиња за бришење на куферите и себе и пцуе сè од возачот, автобусот, државното уредување и системот. Сите, освен Близнаците и Стрелецот што ги нема, влегуваат во автобусот и ја напуштаат станицата.

Прочитајте и што се случува кога сите хороскопски знаци ќе тргнат заедно на пат…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар