Тест на д-р Фил: Откријте каква личност сте

Постојат многу тестови за тоа каква личност сте. Ова е еден од најпознатите тестови на доктор Фил кој открива многу. Одговорете ги прашањата и запишете ги бодовите настрана, потоа пресметајте ги и откријте каква личност сте.

test-na-d-r-fil-otkrijte-kakva-lichnost-ste-kafepauza.mk

1. Кога се чувствувате најубаво:

А) Наутро (2 бода)
Б) Попладне и навечер (4 бода)
В) Доцна во ноќта (6 бода)

2. Кога пешачите, вие чекорите:

А) Доста брзо, со долги чекори (6 бода)
Б) Релативно брзо, со ситни чекори (4 бода)
В) Не баш брзо, со дигната глава гледајќи пред себе (7 бода)
Г) Не баш брзо, со наведната глава (2 бода)
Д) Многу бавно (1 бод)

3. Кога зборувате со луѓето:

А) Стоите со прекрстени раце (4 бода)
Б) Рацете ви се спуштени (2 бода)
В) Една или двете раце ги држете на струкот (5 бода)
Г) Ја допирате или поттурнувате личноста со која разговарате (7 бода)
Д) Си играте со своето уво, коса, брада (6 бода)

4. Кога се одмарате, седите така што:

А) Нозете ви се опуштени една покрај друга (4 бода)
Б) Нозете ви се прекрстени (6 бода)
В) Нозете ви се право испружени (2 бода)
Г) Едната нога ја ставате под вас (1 бод)

5. Кога нешто ќе ве насмее, вие реагирате со:

А) Гласна насмевка (6 бода)
Б) Со насмевка, ама не гласна (4 бода)
В) Тивка насмевка (3 бода)
Г) Срамежлива насмевка (2 бода)

6. Кога одите на некој друштвен настан:

А) Гласни сте уште кога влегувате, така сите ве забележуваат (6 бода)
Б) Доаѓате незабележливо и барате пријатели кои ги познавате (4 бода)
В) Потполно сте незабележливи и пробувате да не ве видат (2 бода)

7. Многу сте зафатени со нешто, но некој ве прекинува. Како реагирате?

А) Среќни сте што ве прекинале (6 бода)
Б) Крајно сте изнервирани поради тоа (2 бода)
В) Се наоѓате помеѓу двете крајности (4 бода)

8. Која боја ви е омилена?

А) Црвена или портокалова (6 бодови)
Б) Жолта или светлосина (7 бода)
В) Жолта (5 бода)
Г) Зелена (4 бода)
Д) Темносина или виолетова (3 бода)
Ѓ) Бела (2 бода)
Е) Кафеава или сива (1 бод)

9. Навечер кога ќе си легнете, пред да заспиете:

А) Легнувате на грб (7 бода)
Б) Легнувате на стомак (6 бода)
В) Легнувате на страна (4 бода)
Г) Главата ви е потпрена на едната рака (2 бода)
Д) Главата ви е под покривачот (1 бод)

10. Често сонувате дека:

А) Паѓате (4 бода)
Б) Дека се тепате или се борите (2 бода)
В) Барате нешто или некој (3 бода)
Г) Дека летате или лебдите (5 бода)
Д) Воглавно не сонувате (6 бода)
Ѓ) Соновите ви се секогаш пријатни (1 бод)

РЕЗУЛТАТИ:

Повеќе од 60 бода: ДОМИНАНТНОСТ

Другите ве гледаат како егоцентрична и доминантна личност со која треба внимателно да се однесуваат. Некои пак ви се восхитуваат и сакаат да бидат како вас, но не секогаш ви веруваат и се премислуваат дали да стапат во подлабоки односи со вас.

51-60 бода: ТЕМПЕРАМЕНТНОСТ

Другите ве гледаат како возбудлива личност, со експлозивен темперамент, импулсивни, како водачи кои донесуваат брзи одлуки, кои не секогаш се исправни. Ве сметаат за храбри, авантуристи кои ќе пробаат сè. Уживаат да бидат во вашето друштво поради возбудата што ја нудите.

41-50 бода: ПРАКТИЧНОСТ

Другите ве гледаат како директна, шармантна, забавна, практична личност која секогаш е во центарот на вниманието, но доволно за тоа да не ја „удри во глава“. Исто така ве сметаат и за љубезна личност, со оглед на тоа дека сте полни со разбирање и секогаш ќе се трудите да ги развеселите и да им помогнете на другите.

31-40 бода: ВЕРНОСТ

Другите ве гледаат како внимателна, разумна, паметна, талентирана и скромна личност. Не сте личност која брзо склопува пријателства, ама затоа пак сте премногу верни на оние кои ви се пријатели и истото го очекувате од нивна страна. Оние кои навистина ве познаваат ќе сфатат дека треба премногу да згрешат за да ја поколебаат вашата верба во пријателството, но доколку тоа се случи вам ќе ви треба многу време за да заборавите.

21-30 бода: ПРЕТПАЗЛИВОСТ

Другите ве гледаат како внимателна и личност која премногу се грижи, како некој кој работи бавно, но стабилно. Би ги изненадило ако вие изреагирате импулсивно бидејќи од вас очекуваат да ги разгледувате работите од секој агол, па тогаш да дејствувате. Сметаат дека причината за ова е вашата внимателна природа.

Помалку од 21 бод: НЕОДЛУЧНОСТ

Другите ве гледаат како срамежлива, нервозна, неодлучна личност за која другите се грижат, личност која сака некој друг да донесе одлука во нејзино име и да не се меша во ништо. Вие за нив сте личност која постојано е вознемирена и постојано гледа некакви проблеми. Некој од нив ве гледа како и досадна личност, само оние кои добро ве познаваат знаат дека не сте.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар