Според најновите студии, во овие 9 држави постои можност религијата целосно да изумре

Според најновите студии, во овие 9 држави постои можност религијата целосно да изумре

Една неодамнешна студија користејќи податоци од 9 држави ни покажува дека таму религијата оди кон изумирање. Студијата јасно покажува постојано зголемување на оние кои велат дека не се поврзани со ниту една религија. Тимот научници со математички модел се обиделе да најдат поврзаност помеѓу бројот на религиски верници и социјалните мотиви зад нивниот избор. Резултатите покажуваат дека религијата целосно ќе исчезне во следниве држави.

Според најновите студии, во овие 9 држави постои можност религијата целосно да изумре

Станува збор за Австралија, Австрија, Канада, Република Чешка, Финска, Ирска, Холандија, Нов Зеланд и Швајцарија. Начинот на кој биле анализирани податоците вклучува нелинеарна динамика – математички пристап кој се користи при објаснувањето голем спектар физички феномени каде што играат голем број фактори.

Еден од истражувачите, Даниел Абрамс, составил сличен модел во 2003 година со цел нумерички да го открие намалувањето на говорењето помалку познати јазици. Во срцето на овој модел се наоѓал натпреварот помеѓу оние кои говорат различни јазици и „алатката“ да се зборува одреден јазик наместо друг.

„Идејата е прилично едноставна“, вели Ричард Винер, еден од истражувачите кои работеле на овој проект. „Социјалните групи кои имаат повеќе членови ќе бидат многу поатрактивни за придружување и тоа покажува дека тие имаат одреден социјален статус. На пример, кога станува збор за јазици, постои голема придобивка од зборувањето шпански јазик наместо некој од оние кои изумираат, на пример, кечуански јазик во Перу, и истото може да се забележи во придобивките од тоа да се биде или да не се биде член на одредена религија. Во голем број модерни секуларни демократии, постои тренд да се идентификувате себеси како личност која не е поврзана со ниту една религија. Во Холандија оваа бројка изнесува 40%, додека пак, највисоката е во Република Чешка, каде што достигнува 60%.“

Тимот потоа го додал нивниот нелинеарен динамички метод, така што ги прилагодиле параметрите за релативните социјални и утилитарни заслуги од членството во „нерелигиозната“ категорија. На овој начин откриле дека параметрите се многу слични низ испитуваните држави, сугерирајќи дека сличното однесување ја поттикнува математиката во секоја од нив.

И во сите овие држави, постојат силни индикации дека религијата се движи кон изумирање. Но, д-р Винер изјавил дека целиот тим работел на развивање надграден модел со „мрежна структура“ која подобро ќе го претставува светот.

„Очигледно ние не веруваме дека оваа структура го опишува модерното општество, каде секој човек е подеднакво под влијание на другите во истото општество“, вели тој.

Дали тоа навистина ќе се случи, останува само на времето да ни покаже…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар