Научниците обоиле крави како зебри и тоа што го откриле ги оставило без зборови

Одвреме-навреме истражувачите создаваат урнебесни, но генијални идеи кои покажуваат дека имагинацијата е исто толку важна колку и интелигенцијата кога станува збор за науката. Токму овие идеи повеќе би очекувале да ги видите во некој роман отколку во реалноста. Но, изгледа дека токму во реалноста се онаму каде што најдобро функционираат.

Научниците спровеле студија со цел да пронајдат подобар начин да ги заштитат кравите од убодите на мувите без користење пестициди. Овој метод вклучувал нивно боење како зебри, со цел да ги камуфлира и заштити од досадните штетници. Истражувачите ја тестирале својата теорија на шест јапонски црни крави така што дел ги обоиле како зебри (А), на дел им додале само црни линии (Б) и дел оставиле онакви какви што се (В).

Тоа што го откриле било дека кравите-зебри почнале да живеат посреќен живот затоа што не биле постојано касани од муви. Ова влијаело позитивно и на кравите и на нивните сопственици. Тие имале значително помалку убоди во текот на денот во однос на другите.

Според јапонските истражувачите, овие откритија се многу важни затоа што покажуваат дека пестицидите не се толку ефективни како една сосема обична камуфлажа која вклучува нетоксични материјали. Бојата е поевтина, поздрава и безбедна за околината. На кратко, најдоброто решение за заштита на вашите крави!

Но, зошто се случува ова? Постојат неколку теории зошто постојат црно-белите линии на зебрите. На пример, дел од научниците веруваат дека линиите им помагаат на зебрите да се скријат од мувите и другите штетници, додека други веруваат дека се камуфлажа за заштита од предатори. Вистината е дека линиите се всушност природен систем на ладење што им помага на зебрите да останат свежи за време на африканската топлина.

Па, што мислите вие за оваа студија? И дали би сакале да видите повеќе крави-зебри во иднина?



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар