Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

Ако досега ви се случило да ви биде напорно читањето, па во потрага по олеснување сте наишле на конвертор кој текстот го претвора во аудио, денес е веќе возможно и спротивното. Бејблфиск е уред во вид на очила кој ги претвора изговорените зборови во текст и тоа директно пред очите на оној кој ги носи.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очи

Видете го она што го зборувате.

Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиТоа е всушност софтвер за препознавање на говор кој се базира на алгоритми за помагање на слушањето кои овозможуваат препознавање на говор дури и во бучни средини. Штом зборовите се чуени, тие веднаш се преобразуваат во текст. Оваа функција ја овозможуваат вградените конторлори, додека двата микрофони детектираат од каде доаѓа звукот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиОвој иновативен уред може да најде различна примена. Мрзеливите ученици можат да го применат за да се покажат при презентирање на училишните проекти, додека студентите би можеле полесно да си поминат при полагање испити. Бејблфиск може практично да се примени и во работни услови, како на пример за време на состаноци или предавања. Сепак, најкорисен е за луѓето кои имаат оштетување на слухот.Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиСлушнатото со Бејблфиск веднаш се зачувува на флеш меморија во аудио и во текст формат, заради што е достапно и за понатамошна употреба. Очила кои слушаат и пишуваат пред вашите очиАко вам ви паднат пар Бејблфиск очила во рака, сами одлучете дали ќе ги употребите или злоупотребите. Не ја обвинувајте иновативноста и креативноста за сè што може да произлезе од неа.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. blagojce Reply

    kade moze da gi kupam.

    • trte Reply

      Vo Bitola na sirok sokak

Остави коментар