Најстрашните видео игри на сите времиња

Додека повеќето луѓе си ја добиваат својата доза плашење од серии и филмови, видео игрите го нудат најдоброто хорор искуство. Иако видео игрите се релативно нов медиум, производителите успешно создале неколку извонредни наслови низ годините. Како и филмовите, и страшните видео игри си имаат различни стилови.

(16)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Додека некои игри бараат бесшумно движење низ околината со цел да ги избегнете чудовиштата и духовите, другите го ставаат играчот во срцето на акцијата. Погледнете некои од најстрашните видео игри кои се направени.

1. Resident Evil

(1)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Кога беше издадена во 1996 година, Resident Evil на некој начин го измисли хорор жанрот кај видео игрите. Оваа игра ги постави темелите на бројните хорор игри кои почнаа да излегуваат по неа. Иако играта е стара, морничавата атмосфера, ужасните чудовишта и уникатните контроли ја прават една од најдобрите досега.

2. Left 4 Dead

(2)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Некои игри со зомби се потпираат на исчекување и трпение, додека некои се полни со крвопролевање. Left 4 Dead спаѓа во втората категорија и преферира брзо темпо со системот за борење познат како „убиј ги сите“. Иако можеби нема да имате време да уживате во пејзажите на играта, таа нуди навистина застрашувачко искуство.

3. Silent Hill 2

(3)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Поминаа веќе 15 години од излегувањето на играта, но критичарите сè уште го ценат ова ремек-дело. Многумина сметаат дека ова е најдобриот дел од серијалот поради психолошката манипулација која предизвикува страв. На пример, многу од чудовиштата се намерно направен како луѓе со цел да ја рефлектираат потсвеста на главниот лик.

4. Doom 3

(4)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

За разлика од првата Doom, креаторите на третото продолжение се одлучиле да направат промена. Тие се фокусирале за создавање атмосфера наместо за насилството без контрола. А ова го зголемува исчекувањето и одложувањето во секоја просторија во играта.

5. The Last of Us

(5)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Ова е можеби најдобрата хорор игра со зомби во последните 5 години. Критичарите и фановите продолжуваат да ја истакнуваат играта како пример за добра приказна која содржи трошка човечност. Поради своето дејство, The Last of Us успешно создаде постапокалиптичен пустош кој изгледа премногу реално.

6. Amnesia: The Dark Descent

(6)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Некои хорор игри нудат мал број евтини трикови, другите ќе ве натераат да скокнете, но само мал број навистина ќе ве исплашат. Оваа игра ќе ги предизвика вашите најдлабоки стравови додека главниот лик истражува еден напуштен замок. Оваа игра се одржува во живот бидејќи фановите си создаваат сопствени експанзии.

7. Dead Space

(7)najstrashnite-video-igri-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Dead Space може да се гледа како еквивалент на Alien. И двата наслови направија револуција во научно фантастичниот хорор и претставија одлични сценарија. Интересното во оваа игра е што се соочувате и убивате вонземјани во простор без гравитација.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар