Како сингл статусот влијае на вашето пиење алкохол?

Како сингл статусот влијае на вашето пиење алкохол?

Спротивно од општото верување, сингл луѓето не ја поминуваат секоја сабота пиејќи цело шише водка и плачејќи поради нивниот бесмислен живот. Но, неодамнешното истражување спроведено од страна на Универзитетот во Вирџинија, не придонесува многу за разбивање на стереотипите кои кружат за сингл животот. Резултатите покажале дека сингл луѓето пијат повеќе од нивните пријатели кои се во брак или сериозна врска.

Како сингл статусот влијае на вашето пиење алкохол?

На психолозите им е неверојатно тешко да го дефинираат ефектот што го има бракот на другите животни области. Тешко е да се спореди животот на луѓето пред и по бракот, поради тоа што се менува возраста, а факторите кои влијаат на тоа дали еден човек ќе биде сингл или во брак се неверојатно комплицирани. За среќа, тука се близнаците. Нивниот идентичен генетски материјал и слични детства се сонот на секој психолог.

Имено, истражувачите ги споредиле навиките за пиење алкохол и брачната состојба на повеќе од 2.000 истополови близнаци и резултатите не се баш утешителни. Според извршените анализи, сингл или разведените близнаци пиеле најмногу во однос на квантитет и зачестеност.

Резултатите се малку комплицирани. Венчаните испитаници пиеле најмалку, па по нив следуваат оние кои живееле со нивните партнери. Учесниците кои живееле заедно со нивниот партнер пиеле почесто од оние во брак, но женетите мажи пиеле повеќе одеднаш за разлика од оние кои само живееле со партнерот. Исто така, кога истражувачите ги анализрале навиките за пиење алкохол на разведените близнаци, откриле нешто интересно: Луѓето кои биле во сериозна врска не пиеле почесто од луѓето во брак, но пиеле повеќе количински одеднаш.

Како сингл статусот влијае на вашето пиење алкохол?

Тоа не значи дека женетите мажи и разведените луѓе се изложени на ризикот да претераат со пиење. Треба да се спомене дека претераното пиење не е предзнак за распад на бракот. Според едно истражување од 2013 година, кај брачните парови во кои едниот од сопружниците пие многу постои поголема веројатност за развод отколку кај паровите во кои и двајцата партнери претерувале со пиење. Изворот на конфликтот лежи во разликите кај консумацијата на алкохол, а не во самата консумација.

Меѓутоа, голем број истражувања покажале дека луѓето во брак пијат помалку од сингл луѓето. Истражувачите од Универзитетот во Вирџинија овие резултати ги припишуваат на ефектот што се јавува како последица од постојаното надгледување на брачниот партнер. Наводно, љубовните врски можат да имаат позитивно влијание кога станува збор за пиењето алкохол.

Заклучокот е дека ако сте сингл, немате кој да внимава на вашето пиење како што тоа е случајот со луѓето во сериозна врска. Без разлика дали ова ќе делува ослободувачки или депресивно на вас, станува збор за откритие кое оди одлично со чаша добро вино. На здравје!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар