Музика за релаксирано попладне

Автор: Сања Стојковска

Во денешно време, речиси секој од нас се соочува со стресно и динамично секојдневие што најчесто произлегува од обврските поврзани со работата. Нервози со клиентите, нервози со претпоставените, и секому би годело едно опуштачко попладне после таков напорен ден. Музика за релаксирано попладнеСо наша помош, создадете си фина атмосфера и посветете си квалитетно време сами или со блиските. Ви претставуваме плејлиста со музика за едно релаксирано попладне и обновување на вашите уморни клетки. Уживајте.

Кликнете на копчето PLAYLIST за да видите кои 20 песни ги вклучивме во нашиот избор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Секој од нас го има тоа ,ќе го наречам нешто, иако мене тоа нешто ме асоцира на едно мало островче сред океан каде ничива рака не допира ,ничив глас не ја пореметува тишината што е само ваша,нешто што е само ваше ,каде само вие можете да потонете во она што се вика спокој,едноставно го пронаоѓате вашиот здив.Таму срцето има свој ритам,таму потонувате во вашите бои,смирени,тивки само со крвта што струи низ вашите вени.Тоа нешто може да биде било што,музиката сликањето пишувањето ,тоа е таа Ахилова петица што секој треба да си ја пронајде и да ја чува како нешто најскапоцено бидејки во секој миг во секоја стресна состојба во која во ова денешно време многу често можете да се најдете ќе биде ваш извор на толку потребната енергија за понатака.Не се плашете дека тој извор може да пресуши,со него се раѓате,со него на многу пати и несвесно живеете со него ќе сте до последниот здив,тој е тука како ваш ангел чувар ,верен и секогаш спремен да помогне.
    Јас го пронајдов моето нешто ,тоа е музиката и пишувањето ,два необработени кристали од кои постојано правам прекрасни нешта.
    Ајде отворете ја кутијата со вашите скапоцености и од време на време закитете се со некоја од нив,тие се само ваши.
    Со љубов од мене до сите Вас.

Остави коментар