Овен и девица – љубовна комбинација

Овен и девица – љубовна комбинација

Кога овен и девица започнуваат љубовна врска, нив може да им изгледа како да немаат ништо заедничко. Тие на почетокот не веруваат ниту дека можат да научат нешто ново еден од друг. На нивната врска ѝ е потребно време да се развие, за да може секој од партнерите да го разбере карактерот и навиките на другиот.Овен и девица – љубовна комбинацијаОвенот и девицата може да делуваат како две спротивставености. Додека овенот е дрзок, наметлив, доминантен, агресивен, секогаш нетрпелив да го дочека исходот и постојано„скока“ од една на друга работа, девицата е тивка, ориентирана на деталите, понекогаш дури и срамежлива и секогаш трпеливо работи во полза на остварување на нејзините највисоки цели во животот.

Енергијата која ја поседува овенот е динамична и „распалена“, а девицата се движи со побавно темпо и е приземна личност. Токму од овие разлики, овенот и девицата можат да научат многу еден од друг, доколку „ѕирнат“ што се крие под површината на нивниот партнер.

На почетокот од врската, овенот и девицата најверојатно ќе ги гледаат само недостатоците и маните на нивниот партнер. Така, девицата најверојатно ќе смета дека овенот е премногу надуен и дрзок, а тој пак, ќе смета дека девицата е раздразлива и вечно загрижена. Но, доколку наместо на маните, се фокусираат на добрите страни на нивниот партнер, тие ќе откријат дека такви ги има многу. Овенот ја учи девицата да внесе повеќе забава и возбуда во нејзиниот живот и во однесувањето да биде поспонтана и непосредна – особини кои најчесто ѝ недостасуваат во животот. Девицата пак, го учи овенот да биде потрпелив и да обраќа повеќе внимание на деталите, објаснувајќи му дека малите нешта и моментите се исто така многу важни сегменти од животот. Овенот ја поучува девицата да не си ги зема работите толку при срце. Девицата ќе му укаже на овенот дека треба да биде пољубезен со луѓето и повеќе да ја цени напорната работа.

Овенот е предводен од планетата Марс (страст), а девицата од Меркур (комуникативност). Овенот секогаш избрзува и се бори за своето, без да троши време на правење нов план од почеток или да смислува стратегии. Обратно од него, девицата сака сè да анализира и да ги земе предвид сите детали пред да почне да дејствува. Овие партнери имаат толку спротивен пристап кон животот, така што недоразбирања лесно може да се појават помеѓу нив. Овенот и девицата мораат свесно да вложат напори да научат нешто од методот според кој се води нивниот партнер во животот, наместо да си дозволат неговиот природен ритам да ги вознемирува до степен да избезуменост.

Додека овенот е страсно избувлива личност, девицата е практична и приземна. Девицата ги „мери“ сите понудени опции, пред да се посвети на некоја сериозна работа, додека овенот едноставно знае што сака во моментот и почнува да „трча“ да го добие тоа веднаш. Овие нивни карактеристики се присутни и во нивната кариера и во љубовниот живот, поради што може да претставуваат камен на кој партнерите постојано ќе се сопнуваат.

Ако овенот одлучи дека девицата е личноста со која сака да биде во врска, може да се исфрустрира доколку мора да ја чека да се одлучи дали таа врска според неа е добра идеја или не. Девицата не чувствува потреба да биде лидер или „шеф“ во оваа врска. Таа е желна да ги почитува сугестиите на нејзиниот партнер, доколку смета дека тие се реално остварливи. Овенот, од друга страна, сака постојано да ги дава тие сугестии. Овој нивен сооднос може да претставува многу моќна движечка сила во нивната врска, доколку партнерите сфатат дека треба да функционираат како тим, кој е насочен кон остварување на нивните заеднички цели.

Најдобриот аспект од љубовната врска на овенот и девицата, е успехот кој може да го постигнат во љубовта и кариерата, доколку функционираат како тим. Нивните карактери, различни во толку многу нешта, ја прават оваа љубов многу комплементарна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Gabriela Reply

    neverojatno tocno )

  2. bojana Reply

    se soglasuvam i jas 🙂

  3. nana Reply

    oven sum i vo brak sum so devica , mnogu vistinito:))))

  4. irena Reply

    duri i se cudam kako sme zaedno

  5. viki Reply

    navistina e tocno ,isto i jas sum oven vo brak so devica

  6. BENI Reply

    JAS SUM DEVICA I SAKAM SERIOZNA VRSKA DA SI ZAPOCNAM SO OVEN,,POSLE OVA SE MISLAM STO DA PRAVAM,,HMMM

    • Aleksandar Reply

      nema da bide seriozna ako mislis so OVEN :)))

  7. BENI Reply

    PA I OD TOA SE PLASAM DEKA NEMA DA NI IDE I ZATOA E PODOBRO VAKA DA SI TERAM,,SEPAK FALA ZA SOVETOT!

  8. Zorica Reply

    tocno…ahahah…Jas sum devica vo brak so oven…kompletna vrska…hahaha

Остави коментар