Или сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак

Тој или мрази или сака, или е опсесивно заинтересиран или потполно игнорира. За него важи правилото „Или сѐ или ништо“. Шекспировиот Хамлет рекол „Да се биде или не“ и тој сигурно бил Скорпија во хороскоп, бидејќи сите Скорпии секојдневно ја преживуваат својата верзија на Хамлет. Нивниот живот е исполнет со драми, трагични елементи и секоја нивна одлука има две спротивставени можни последици: Сѐ или ништо.

Или сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак

Скорпијата е воден знак кој владее со средината на есента. Скорпиите се интензивни, одлучни, храбри, истрајни, мистериозни, љубопитни и санодливи. Со него владеат планетите Марс и Плутон. Иако со Скорпиите се поврзуваат некои негативни поими како што се смрт, страв, уништување, пропаѓање и крај, тие сепак се претставници на преродбата, односно смрт на старото и почеток на новото. Скорпиите се толку тврдоглави што нема да се откажат тогаш кога ќе треба, туку тогаш кога тие ќе сакаат.

Скорпијата е екстремен хороскопски знак во секоја смисла на зборот. Многумина се прашуваат дали воопшто им требаат Скорпиите во нивна близина. И покрај нивните негативни страни, припадниците на овој хороскопски знак се многу лојални. Тие никогаш нема да ви забијат нож во грб и никогаш нема да ве остават на цедило. Тие секогаш ќе ви помагаат да се извлечете од кризните ситуации. Кога станува збор за меѓучовечките односи, за Скорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите.

Бидете внимателни, бидејќи Скорпиите се големи злопамтила. Ако се скарате поради нешто, тие ќе ги запалат сите мостови и ќе прекинат секаков вид комуникација. Ќе ви треба многу време да ја поправите грешка, дури и да станува збор за нешто банално и несериозно. Доколку сте направиле поголема грешка, најдобро е сами да се „закопате“, бидејќи Скорпиите се многу одмаздољубиви. Тие ќе чекаат да заборавите на вашата грешка и токму тогаш кога ќе помислите дека сте сигурни, тие ќе ви ја сервираат нивната одмазда.

Се верува дека Скорпиите се бесчувствителни и ладни како мраз на емотивен план. Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Скорпиите се како нуклеарни реактори: Тие содржат голема количина на енергија и стабилни се под притисок, но до одредени граници. Ако го преминете нивниот праг на толеранција, бегајте што е можно подалеку, бидејќи ве очекува вистинска нуклеарна експлозија. Покрај тоа, тие се неверојатно сензуални и привлечни, па затоа ќе можат да ве заведат и уништат истовремено. Нивната енергија, волја и примарен инстинкт доминираат со нивните емоции и интелигенција.

Што се однесува до материјалните работи, Скорпиите сакаат да имаат многу пари. Тие најчесто управуваат со туѓите финансии и стануваат банкари. Во зависност од нивната финансиска ситуација, Скорпиите ќе се однесуваат или како просјаци или како милионери.

Според астромедицината, најважните органи на Скорпијата се уринарниот тракт, репродуктивните органи, ендокрините жлезди и носната коска. Нивни заштитни бои се црна, бордо и кафеава. Скорпиите исто така се одлични во областа на психијатријата, продирањето во несвесното, окултните науки, јогата и слично.

Скорпиите од прва декада владеат со отровите и стануваат хемичари, фармацевти, патолози, анестезиолози и гробари.

Скорпиите од втора декада ја претставуваат тајната служба и стануваат истражувачи на теории на заговори, контролори на летови, контролори на финансии и слично.

Скорпиите од трета декада се лојални луѓе кои стануваат доктори, психијатри, гинеколози и управители на фирми.

Од сето ова може да се заклучи дека Скорпиите или ќе ги мразите или ќе ги сакате, но едно е сигурно, а тоа е дека нема да можете да им останете рамнодушни.

Во продолжение, дознајте кој хороскопски знак е неодоливо привлечен.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар