Хороскопскиот знак открива каков возач сте

Секојдневно гледаме различни облици на однесување помеѓу возачите. Сте се запрашале ли некогаш за поврзаноста помеѓу хороскопскиот знак и начинот на кој се однесува возачот во сообраќајот? Пронајдете го вашиот знак подолу и видете дали ќе се препознаете во описот.

Хороскопскиот знак открива каков возач сте

Овен

Во сè мора да биде прв, па така и во текот на возењето многу вешто се префрла од една во друга лента за да биде прв и на семафорот, бидејќи тоа му е во крвта. Машките овни сакаат да возат сина или металик боја на автомобил. Женските овни имаат одлични рефлекси и моќ на забележување, а додека возат обожаваат да ги коментираат вештините на останатите возачи, секако во нивна корист.

Бик

Биковите сакаат удобност во сè, па и во возењето, па затоа се решаваат за пространи автомобили во кои можат да ги сместат членовите на семејството, заедно со неделната резерва на храна од супермаркетот. Бидејќи машките бикови не патат од неуреденост, на седиштата од неговата кола често се наоѓаат кеси со свежи печива, а во багажникот гајба со праски или малини. На жената-бик ѝ е поедноставно да си фати такси, бидејќи на тој начин ќе го избегне губењето време на паркирање.

Близнаци

Близнаците обично делуваат како да се родиле зад воланот и во главно се способни возачи, кои секогаш наоѓаат место за паркирање. Штом влезе во кола, близнакот го вади скриеното радио од под седиштето и бара станица со добра музика. Најчесто не се врзува со некој одреден тип на автомобил, туку постојано си пребарува разни модели на интернет и секогаш кога е во можност, го менува после неколку години користење. Од друга страна, жените родени во знакот близнаци мечтаат за Порше, но сепак најчесто возат практични модели на автомобили со светла боја, кои трошат малку и се погодни за градско возење.

Рак

Раковите се многу практични и штедливи возачи, па затоа одбираат модели на автомобили кои малку трошат (за градско возење), но доколку можностите им дозволуваат ќе се определат за некој друг автомобил кога одат на долги патувања. Не ги сакаат рутинските сообраќајни контроли, па затоа честопати однапред почнуваат да негодуваат и да се бунат кога ќе ги запре полиција.

Лав

Лавовите обожаваат лимузини со седишта обложени со мека кожа со боја на песок, систем за навигација и кров кој се отвора на копче, благодарение на кој автомобилот може да се претвори во кабриолет. За ваквото луксузно возење битно им е и каде одат и со кого одат. Настрана од луксузот, лавовите сосема добро се снаоѓаат и во скромни автомобили. Бидејќи одлично се снаоѓаат во просторот, безгрешно успеваат да пронајдат улица или дел од градот во кој првпат се наоѓаат.

Девица

Девиците сакаат да даваат часови за возење или барем да ги забележуваат сите неправилности и пропусти на другите учесници во сообраќајот, поради што тие се одлични возачи, кои би посакале да бидат ваш личен инструктор. Дека автомобилот е практична потреба и треба да служи за својата основна намена – превозот, најмногу потврдуваат девиците. И покрај тоа што стартува бавно, девицата сака брзо возење, вешто маневрира во градското возење и е одличен сопатник на долги тури бидејќи обожава да разговара.

Вага

Иако вагите, баш како и биковите, попрво би оделе со такси, како возачи сакаат брзо возење особено на автопат, а градското возење лесно ги нервира и ги вади од такт. Повеќе ги привлекува возење на подолги патувања, а во нивниот автомобил секогаш можат да се најдат увозни бонбони и дискретни мириси за кола. Иако сонуваат да возат последен модел од некој спортски автомобил, знаат да се прилагодат и со половно Југо.

Скорпија

Тие не поднесуваат некој да ги престигне на улица, не сакаат кога ќе заглават во гужва ниту пак некој да им дава совети за возењето или за автомобилот. Скорпијата сака брзо возење бидејќи ужива во ризикот. Обожава да вози ноќно време, а ја привлекуваат и спортските автомобилски трки. Меѓу другото, обожава и секс во автомобил, особено ако е некој комфорен модел.

Стрелец

Стрелецот обожава да вози црвен кабриолет или џип со металик боја, а од автомобилот да ечи гласна музика. Сака брзо возење, но секогаш носи каиш и постојано ја опремува својата кола. Добро го познава секој детаљ на својата кола, а сака и спортски модели и прототипови кои сѐ уште се во фаза на тестирање. Застанува на автостопери, бидејќи го возбудуваат средби и разговори со непознати лица.

Јарец

Јарците сакаат скапи автомобили со елегантен дизајн и најчесто одбираат темни бои за да делуваат моќно и луксузно, но сепак често се одлучуваат за практичен автомобил. Тие се совесни и внимателни возачи, редовно ја носат колата на проверка, бидејќи сигурноста секогаш им е на прво место.

Водолија

Како возачи се одлични, а како инструктори уште подобри, бидејќи нивната дисциплина им создава вродена суета, која на ученикот му дава чувство дека може да вози подобро дури и од инструкторот. Кога одат на подолг пат секогаш го носат возилото на проверка, а на автопат најчесто се чувствуваат како дома и неретко возат во еден здив. Женските водолии возат машки и се нервираат кога некој не знае да вози, но и тие знаат да направат прекршок, доколку проценат дека така е најдобро.

Риби

Рибите сакаат удобни и луксузни автомобили, во кои секогаш треба да има место за нивното милениче. Ретко ги даваат клучевите од автомобилот на друг, дури ни на нивниот најдобар пријател, бидејќи автомобилот го сметаат за свој втор дом. Иако делуваат расеано, рибите одлично се снаоѓаат во сообраќај, секогаш знаат да го одберат најпрактичниот пат, а знаат успешно да преговараат со полицајците, доколку ги застанат.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар