Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

Познато е дека Биковите се одговорни организатори кои сакаат тимска работа. Нивните амбиции најчесто ги остваруваат благодарение на посветеноста и прецизноста во работата. Припадниците на овој знак се добри работници и имаат големи шанси да станат раководители на големи компании и бизниси. Секогаш навремено ги извршуваат нивните обврски, сакаат да соработуваат и да бидат дел од тимот. Вообичаено постигнуваат успех затоа што се амбициозни и упорни.

Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

На Биковите најтешко им е да почнат, но откако ќе ги направат првите чекори, земаат замав и не застануваат додека не ја завршат задачата. Упорноста и силната волја истовремено им се и доблести и маани, бидејќи не се откажуваат дури ни кога ќе сфатат дека залудно се трудат.

Кога се на повисока позиција сакаат да бидат почитувани од страна на подредените, но не го злоупотребуваат нивниот труд и најчесто се подготвени да послушаат нечиј совет под услов тој да биде изложен дипломатски и ненаметливо. Која улога и да ја имаат во работата, понекогаш знаат да експлодираат од гнев, но оваа состојба не им трае долго.

Заработката им е поважна од славата

При одбирањето на професијата, важно им е да имаат долгорочен и стабилен приход на пари, додека, пак, на јавното признание му даваат споредно значење. Со оглед на тоа дека Биковите се многу практични, најмногу им лежат професии кои бараат трпение, одлучност и пресметливост. Рутините не им пречат, напротив ги обожаваат.

Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

Најмногу им одговараат професии од областа на трговијата, економијата и банкарството, но Бикот одлично би се снашол и во улогата на сметководител, архитект, ботаничар, дизајнер, стилист, готвач, пејач, сликар и книжевник.

Животната цел на Бикот е да собере што е можно повеќе материјални добра и да живее сигурен и удобен живот. Најсреќен е оној Бик кој може рано да отиде во пензија и да биде финансиски обезбеден благодарение на големата заштеда или недвижности. Најдобро се чувствува кога безделничари и кога единствените „обврски“ му се добро да се најаде, убаво да се облече и долго да отспие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар