Хороскопот открива дали повеќе ќе ве биде за шеф или за работник

Секој хороскопски знак има различен табиет и различни квалитети. Токму затоа постојат големи разлики помеѓу луѓето кога станува збор за тоа кој е поблиску до шефовска, а кој до подредена позиција.

Хороскопот открива дали повеќе ќе ве биде за шеф или за работник

Овен

Шеф – Доколку имате среќа вашиот шеф да биде роден во овој знак, одењето на работа ќе ве потсетува на секојдневно возење со ролеркостер. Брзината и максималното вложување на сите ваши потенцијали, се од суштинска важност ако сакате да сте дел од тимот на овенот.

Работник – Рутинска работа со строго определено работно време, не е за овие луѓе. Доколку нема динамика и можности за напредување, тој многу брзо ја напушта фирмата. Најмногу му одговара работно место во кое ќе има потполна слобода и одговорност само пред едно лице.

Бик

Шеф – Добродушно ќе се насмевнува на сите ваши грешки, подразбирајќи дека набрзо сами ќе научите да ги коригирате. Може да биде намуртен и тврдоглав до бесвест, но најчесто е полн со разбирање.

Работник – Задоволство од работата наоѓа единствено доколку истата му обезбедува егзистенционална сигурност. Тоа е неговиот примарен мотив за работење. Без оглед на природата на работата, тој сè ќе работи темелно и прецизно, тежнеејќи кон совршенство.

Близнаци

Шеф – Поради специфичноста на карактерот на близнакот, ќе ви биде потребно одредено време за да се навикнете на неговата постојана активност, физичка и ментална. Обожава да држи инстант состаноци. Ќе морате да научите брзо да зборувате, но и да трчате околу него кога ќе сакате да му соопштите нешто.

Работник – Доколку имате потреба од тројца работници, а немате доволно пари, тогаш вработете го близнакот. Со неверојатна брзина и голема прецизност ќе ја претвора секоја ваша апстрактна идеја во стварност. Неговиот ум е брилијантен и неверојатно брз.

Рак

Шеф – Мотивот за да развие успешен бизнис се парите и ништо повеќе. Со парите тој ќе обезбеди сигурност за себе и своето семејство, кое му е ѕвезда-водилка целиот негов живот.

Работник – Сигурен и упорен, тој ќе биде лојален работник доколку му овозможите постепено напредување и соодветни примања. Тој сака да заработи онолку колку што сработил.

Лав

Шеф – Исклучителни организатори со голем талент за распоредување на работните обврски на другите. Од есенцијална важност е внимателно да ги слушате, бидејќи најчесто ќе добивате неопределени задачи. Доколку креативно размислувате и на секои неколку минути имате брилијантни идеи, ќе станете негов омилен работник.

Работник – Колку повеќе задачи и повисоки титули му давате, толку позадоволен ќе биде тој. Неговото чувство на важност помеѓу колективот, е од пресудно значење за неговото успешно функционирање.

Девица

Шеф – Таа не е баш најсреќна што е на чело на фирмата, бидејќи е во вечна борба со сопствената несигурност. Сепак, благодарение на нејзиниот вроден талент за внимавање на деталите, ја води фирмата во непогрешлив правец, на патот кон успехот.

Работник – Со совршена смисла за брзо воочување на грешки, оваа личност многу брзо станува вистински скапоцен камен на секој работодавец. Нормално, доколку самиот газда не е премногу суетен, кога девицата ќе му ги посочи и неговите грешки.

Вага

Шеф – Најверојатно ќе биде еден од сопствениците на некоја фирма, за да си ја задоволи својата природна потреба за партнерство. Таа е извонреден соговорник, кој со неверојатна леснотија ќе успее да ве убеди во сѐ што ќе посака.

Работник – Количината на нивната продуктивност е еднаква на хармонијата во работниот простор и меѓучовечките односи во нивната околина. Зајадливата колешка или тепихот со дречлива боја подеднакво ја деконцентрираат и му пречат на нејзиниот креативен карактер.

Скорпија

Шеф – За нив работата е борба. Конкуренцијата ја гледа како животен непријател и на неа го вежба својот вроден борбен талент. Со својата магнетска привлечност ги собира луѓето околу себе, кои ѝ остануваат лојални во работењето.

Работник – Сталоженоста и самоувереноста се квалитетите кои ја издвојуваат скорпијата од другите работници. Тие се самоиницијативни и секогаш полни со идеи кога ги прашувате за совет. Без разлика на нивното техничко знаење, нивната интуиција е непогрешлива.

Стрелец

Шеф – Злокобноста во него може да ја побуди само некој, кој ќе се обиде да го угаси огнот на ентузијазмот кој тој неуморно го шири околу себе. Доколку не сте развиена атлета во физичка и интелектуална смисла, тешко дека ќе можете да го пратите неговиот ритам.

Работник – Во секоја канцеларија овој човек е скапоцен камен и тоа најмногу поради енормната количина енергија која извира од него. Тој никогаш нема да сработи нешто половично и токму поради тоа стрелците се најмногу ценети.

Јарец

Шеф – Овие луѓе со голема смиреност седат на своето биро и мудро и полека ги влечат сите деловни потези. Фирмата за јарецот е едно големо семејство и тој е секогаш на нејзино чело.

Работник – Секогаш на работа ќе пристигнува малку порано и ќе си заминува малку покасно. Неговите документи секогаш се наоѓаат на точно определено место на работното биро, моливите во чашката, а тој е секогаш спремен за нови работни задачи и предизвици.

Водолија

Шеф – Може да биде отсутен и забавен, ексцентричен и непредвидлив, скромен, а сепак непоколебливо одлучен и никогаш нема да бидете сигурни во која фаза моментално се наоѓа. Се згрозува од статични, непроменливи работи, норми и луѓе. Со нивната исклучителна интелигенција, водолиите секогаш тежнеат кон некаква промена.

Работник – Многу брзо успева со сите колеги да стане пријател. Веројатно ќе ве излудува со неговата физичка непостојаност, бидејќи секогаш ќе јури некаде, но затоа ќе ве воодушевува со брилијантноста на неговиот ум.

Риби

Шеф – Ретки се припадниците на овој знак кои се наоѓаат на раководна позиција, освен доколку не станува збор за некаква уметничка професија или детективска работа. Со нивната природна способност да продрат во психичката длабочина на нештата и да се изгубат во нивниот внатрешен непресушен имагинарен свет, рибите ќе бидат едни од најчудните шефови во вашиот живот.

Работник – доколку не сакате да имате мрзлив, незаинтересиран, нерасположен работник, дајте ѝ ја на оваа личност најкреативната позиција во фирмата и само оставете ја да си работи. Наскоро ќе ве восхити со постигнатите резултати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. ZORICA Reply

    DEVICA-PRAVILEN IZBOR LIKE!!!!

Остави коментар