Хороскопот и возењето: Кои се најдобрите, а кои се најлошите шофери?

Хороскопот и возењето: Кои се најдобрите, а кои се најлошите шофери?

Хороскопскиот знак влијае и на вашите возачки особини. Американското истражување кое било спроведено на 100.000 студии покажало дека најмногу сообраќајни казни добиваат возачите коишто се родени во хороскопскиот знак Риби. По нив следуваат Овните, Водолиите, Јарците и Вагите. Најмалку казни добиле Девиците, Стрелците и Близнаците. Вагите учествувале во најголем број сообраќајни несреќи, а по нив следуваат Скорпиите, Јарците, Овните и Водолиите. Во најмалку несреќи учествувале Близнаците, Раковите и Лавовите. Забавувајте се и дознајте повеќе детали за возачките способности на знаците во продолжение.

Вага

Вагата копнее за рамнотежа и не сака да носи брзи одлуки. Тоа не е добра карактеристика за возењето, бидејќи зад воланот честопати треба брзо да се реагира.

Водолија

Иако и Водолијата е воздушен знак, исто како Вагата, таа е целосно спротивна на Вагата. Додека Вагата не сака да одлучува набрзина, Водолијата е доста импулсивна. Да го додадеме и тоа што со неа управува Уран, планетата која карактеризира брзина и немир, автоматски добиваме личност што воопшто не е сигурна во сообраќајот.

Овен

Овенот е егоцентричен знак и најчесто мисли само на себе, па има тенденција и да претекнува пред да ги провери намерите на другите возачи. Заради тоа евентуалната сообраќајна несреќа е скоро неизбежна.

Риби

Рибите не се силни како Овенот. Но тие постојано мечтаат, а со оглед на тоа што возењето бара целосна концентрација, нешто што многу Риби едноставно не може да го овозможат, тие не се безбедни зад воланот.

Скорпија

Скорпиите се склони кон лудување на патиштата што е поврзано со нивниот инстинкт за одмазда на оние кои им направиле нешто лошо. Доколку им го пресечете правецот на патот, голема е веројатноста дека ќе ве следат за да го направат истото.

Бик

Бикот пати од слични проблеми како другиот животински знак, Овенот. Знае да вози само по свое, а заради својата изразена тврдоглавост има тенденција да минува на црвено светло.

Стрелец

Стрелците сакаат да ризикуваат. За среќа, тие се искусни во тоа, но исто така сакаат да зборуваат, па често можете да ги видите како телефонираат додека возат, а добро е познато колку тоа може да биде опасно.

Јарец

Јарците често се фокусирани исклучително на целта што значи дека повеќе размислуваат за крајната дестинација отколку за тоа како ќе стигнат до неа. Може и да си мислат дека сообраќајните правила се напишани за другите возачи, за оние невнимателните, а не за нив.

Девица

Девиците се многу детални и систематични, па затоа секогаш се држат до пропишаната брзина и не им е тешко да застанат на кочницата. Единствено нешто што може да предизвикаат е редица од возила зад нив.

Рак

Овој воден знак е предодреден за семеен живот, па дури и на останатите соучесници во сообраќајот гледа како на членови од своето проширени семејство. Меѓутоа, Раковите се доста чудни, па на пример, може сосема непотребно да свират.

Близнаци

Близнаците се одлични при мултитаскинг, па способни се да возат додека нанесуваат шминка, менуваат радио станици и пијат кафе. Секако, тоа никако не смеете да го правите додека возите бидејќи во тие моменти не ни можете да забележите колку ви е намалена концентрацијата.

Лав

Огнените Лавови се великодушни и сакаат да го делат патот со останатите возачи, а можеби па и нивното големо его ги тера да бидат најдобри возачи.

Доколку сакате подетално да откриете како изгледате во целиот тој сообраќаен метеж, погледнете како хороскопскиот знак открива каков возач сте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар