Дознајте кои се главните причини зошто хороскопските знаци ја прекинуваат љубовната врска

Секое раскинување е болно, но понекогаш потребно е токму тоа да се направи бидејќи врската која не функционира лесно може да стане токсична. Прекинувањето на љубовната врска значи промена, надеж за нешто подобро. Раскинувањето не мора секогаш да биде негативно, бидејќи ако дошло до него, тоа значи дека постои добра причина зошто се случило и најверојатно е во сечиј интерес.

Дознајте кои се главните причини зошто хороскопските знаци ја прекинуваат љубовната врска

Но, доколку вие секогаш ставате крај на врската и никогаш досега не ви имаат раскинато, веројатноста е дека се плашите да не бидете оставени и предвреме ја прекинувате врската, а тоа не е во ред. Морате да ги разгледате причините зошто решавате да продолжите понатаму. Дали врската е лоша и не ве исполнува или само си барате причина за да ја прекинете?

Како и секогаш, ѕвездите имаат замешано прсти во причините зошто ги прекинуваме љубовните врски. Секој хороскопски знак е различен, па така, постојат и различни причини зошто секој знак од Зодијакот решава да му раскине на партнерот или партнерката. Во продолжение прочитајте зошто секој хороскопски знак ја прекинува љубовната врска…

Овен: Раскинуваат импулсивно

Овој огнен знак го следи неговиот импулсивен инстинкт и поради тоа неговите причини за раскинување не се секогаш баш засновани. Многу често тие ги оставаат партнерите за некоја личност која успеала да ги освои за кратко време и обично ја прекинуваат долгогодишната врска за минлива романса.

Бик: Раскинуваат гневни од љубомора

Биковите се прекрасни партнери, барем поголемиот дел од времето. Доколку припадникот на овој хороскопски знак стане љубоморен, внимавајте! Нема да можете да се разберете со нив, бидејќи нема да ве слушаат и само ќе стануваат сѐ погневни и погневни, додека не ја прекинат врската. За среќа, тие се доволно паметни за да сфатат дека претерале, ќе се вратат со подвиткана опашка и ќе побараат прошка.

Близнаци: Раскинуваат затоа што се плашат од врзување

За Близнаците не постои ништо пострашно од тоа да бидат во врска со совршената личност која им одговара. Се плашат дека ќе направат нешто што ќе ја уништи врската и затоа прекинуваат пред да тргнат работите наопаку. Не се работи за тоа дека не ги поседуваат вистинските карактеристики за да успее врската, но како да не се свесни за истите.

Дознајте кои се главните причини зошто хороскопските знаци ја прекинуваат љубовната врска

Рак: Не раскинуваат

Иако Раковите не ја прекинуваат врската, нивната опсесивност и претерана потреба од љубов можат да ја избркаат саканата личност. На партнерите обично им досадува нивната постојана потреба од одобрување и внимание и целата врска им станува премногу напорна.

Лав: Раскинуваат затоа што не се задоволни

Дали некогаш сте разговарале со некого на некоја забава и сте забележале дека додека таа личност разговара со вас, постојано шара со погледот наоколу како да бара некој поважен или попопуларен со кого би можела да разговара? Такви се Лавовите во врската. Тие се среќни и навистина ги сакаат партнерите, но нивниот внатрешен глас им вели дека можат подобро. Лавовите знаат дека се неверојатни и сакаат да најдат некој исто толку неверојатен. Лошо е тоа што понекогаш не можат да препознаат дека тие веќе имаат прекрасна личност до нив и ја оставаат верувајќи дека ќе најдат уште подобар партнер, па затоа на крајот најчесто остануваат сами.

Девица: Нивниот перфекционизам е виновникот за пропаднатите врски

Девиците имаат смешни критериуми. Ништо не смее да недостасува. Тие знаат да прекинат и за најмали ситници. Најлошо е тоа што секогаш се убедени дека се во право и никогаш нема да увидат дека направиле грешка. Девицата кога еднаш ќе реши дека партнерот не е за неа, нема враќање назад и ретко кога се смирува со поранешните партнери.

Дознајте кои се главните причини зошто хороскопските знаци ја прекинуваат љубовната врска

Вага: Раскинуваат ако се почувствуваат искористено

Вагите обожаваат кога се заљубени и ги игнорираат речиси сите знаци на предупредување додека не забележат дека ги искористувате. Дури и да сте го направиле тоа ненамерно, Вагите никогаш нема ви простат. Искористувањето тие го толкуваат како непочитување, а тоа длабоко ги повредува. Нема ни да ви дозволат да им објасните, едноставно ќе заминат.

Скорпија: Раскинуваат поради предавство

Општото верување е дека Скорпиите се тие што изневеруваат бидејќи сексот им е многу важен, но вистината е дека тие се многу страсни и многу лојални. Лојалноста и верноста се многу значајни за Скорпиите, така што ако дознаат дека нивниот партнер ги изневерил, нема да дадат втора шанса. Не само што таа личност била неверна, туку и веројатно ги излажала повеќе пати за да го сокрие тоа, а Скорпиите не можат да поднесат лажговци.

Стрелец: Раскинуваат затоа што им се може

Стрелците имаат постојана потреба од промени и не можат да поднесат да бидат врзани на едно место. Можеби ќе се обидат да започнат сериозна врска, но доколку саканата личност не ја дели истата желба за патување и откривање нови работи, Стрелецот ќе се почувствува заробено и ќе сака да се ослободи што е можно побрзо, за сечие добро. Стрелците обично секогаш му се враќаат на партнерот, бидејќи не се работи за тоа дека не го сакаат, туку едноставно не можат да седат на едно место.

Дознајте кои се главните причини зошто хороскопските знаци ја прекинуваат љубовната врска

Јарец: Раскинуваат кога партнерот ги критикува

Јарците прифаќаат сугестии за тоа како би можеле да се подобрат, но ако партнерот почне да ги критикува, ќе ја прекинат врската. Егото на Јарецот е многу кревко за човек што е толку стабилен, независен и способен. Припадниците на овој знак не сакаат кога некој ги истакнува нивните недостатоци и најчесто тоа е причината за крајот на нивните врски.

Водолија: Раскинуваат за да се смират со поранешниот партнер

На Водолиите им е потребно многу време за да се заљубат, но кога тоа конечно ќе се случи, трае засекогаш. Доколку тие започнат врска со личност која сметаат дека е совршена за нив, но испадне дека таа е токсична и ги остави за некој друг, Водолиите никогаш нема целосно да ја преболат. Доколку поранешниот партнер од некоја причина посака одново да започне врска со Водолијата, веројатноста е дека таа ќе прифати без разлика што сегашниот партнер е многу подобар за неа од претходниот.

Риби: Раскинуваат ако забележат дека партнерот има многу ограничени размислувања

Рибите имаат многу бујна фантазија, уметнички се настроени и полни со љубов. Доколку Рибите се со некој кој е премногу ограничен, ќе се обидат да ја одржат врската, но кога ќе сфатат дека нема спас, ќе ја прекинат на најфин можен начин. Тие знаат дека не можат да натераат некого да стане покреативен и послободоумен и затоа најдобро е да продолжат понатаму. Тоа не значи дека припадниците на овој знак нема да сакаат да останат пријатели со нивниот поранешен партнер. Тие и понатаму ќе се грижат за поранешните партнери, бидејќи веруваат дека луѓето можат да се сменат на подобро.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар