6 книги кои вреди да ги прочитате пред да излезат филмовите во 2018 година

Руски шпиони, немирни зајаци и пензионери авантуристи. Оваа година нè очекуваат навистина одлични филмови. Но има добри вести и за љубителите на пишаниот збор. Повеќето од овие филмови се направени според книги кои навистина вреди да се прочитаат. Погледнете некои од најдобрите книги кои треба да ги прочитате пред да ги изгледате нивните филмски верзии.

1. „Трагач по слободно време“ – Мајкл Задоријан (The Leisure Seeker)

6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовите

Истоимениот филм ќе ја има својата премиера на 19-ти јануари. Ова е приказна за пар кој е долго време во брак и тргнува на патување од Бостон до Флорида во нивната камп приколка. Сопругот страда од деменција, а сопругата се соочува со загубата на мажот со кој е веќе 50 години. Ако сакате прекрасна, тажна љубовна приказна, ова е книга за вас. Исто така погледнете го и филмот бидејќи во главните улоги се неверојатните Хелен Милер и Доналд Сатерленд.

2. „Приказна за зајакот Питер“ – Беатрикс Потер (The Tale of Peter Rabbit)

6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовите

Можеби ова е книга за деца издадена во далечната 1902-ра година, но тоа не треба да ве спречи да уживате во неа. Приказната е за немирниот зајак Питер кој е непријател со господин Мекгрегор. Премиерата на филмот е на 9-ти февруари, а во главните улоги се Џејмс Корден, Маргот Роби и Сиа.

3. Трилогијата „Јужен дофат“ – Џеф Вандермир (Southern Reach)

6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовите

Филмот е наречен „Уништување“ (Annihilation) и е направен според првата книга од трилогијата. Ова е дистописки роман од 2014-та година и ја раскажува приказната за тим од 4 жени – биолог, антрополог, психолог и геодет. Тие се испратени во мистериозната „Ареа Икс“ за да го мапираат теренот, да ги документираат нивните истражувања и да избегнат „контаминација“. Пред да го изгледате филмот чија премиера е на 23-ти февруари, не пропуштајте да го прочитате ова морничаво ремек-дело. Во главните улоги во филмот се Натали Портман, Џина Родригез, Теса Томпсон и Оскар Ајзак.

4. „Црвениот врабец“ – Дејвид Метјус (Red Sparrow)

6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовите

Во шпионскиот трилер на Дејвид Метјус од 2013-та година, се раскажува за руската агентка Доминика Егорова. Важно е да се спомене дека книгата е напишана според вистинското искуство на авторот кој работел во ЦИА. Премиерата на филмот е на 2-ри март, а во главната улога ќе ја гледаме Џенифер Лоренс.

5. „Портите на времето“ – Меделин Лингл (A Wrinkle in Time)

6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовите

Овој научно фантастичен роман од 1962-ра година раскажува за тинејџерка која патува низ просторот и времето обидувајќи се да го најде нејзиниот исчезнат татко. Книгата е вистинска класика и иако е наменета за помлади читатели, сите можат да уживаат во неа. Премиерата на истоимениот филм е на 9-ти март, а во главните улоги се Рис Витерспун, Минди Колинг и Опра.

6. „Сајмон наспроти агендата на Хомо сапиенс“ – Беки Албертали (Simon v. the Homo Sapiens Agenda)

6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовите

Овој роман за млади од 2015-та година е за тинејџер кој се справува со неговата хомосексуалност. Книгата е одлична за љубителите на авторот Џон Грин. Филмот направен според книгата го носи името „Со љубов, Сајмон“ (Love, Simon) и премиерата е закажана за 16-ти март. Оваа приказна ќе ве натера да се вљубите во паметниот и неверојатниот главен лик.

Погледнете ги и книгите кои треба да ги прочита секој млад човек во своите 20-ти.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар