Астрологијата ви открива што можете да очекувате во последните месеци од годината

Ни останаа уште 2 месеци од 2017-та година. Иако изгледа како краток период, тоа не значи дека нема да доживеете големи промени. Погледнете што ве очекува до крајот на годинава според вашиот хороскопски знак.

shto-da-ochekuvate-do-krajot-na-godinata-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овен

Дел од вас сака да го напушти партнерот, но другиот дел не може да го направи тоа. Кога ќе погледнете колку долго се вртите во круг речиси се чувствувате фрустрирано. Вашето срце сака едно нешто, додека вашата глава ви кажува да правите нешто сосема различно. Дајте си време и напуштете ја врската кога ќе бидете подготвени. Само имајте на ум што заслужувате, а тоа не е некој кој ве лаже.

Бик

Можеби сте малку збунети овој период. Не знаете дали патот кој сте го одбрале е правилниот. Во ред е да бидете збунети и несигурни. Следете ја таа несигурност. Но, не дозволувајте стравот од неуспех да владее со вашите одлуки. Понекогаш потешкиот пат е оној кој ќе ве однесе баш таму каде што сакате. Можеби последните месеци од годинава нема да бидат најдобрите, но потоа следува најдобрата награда која сè уште не можете да ја видите.

Близнаци

Вашиот живот беше возбудлив во поголемиот дел од 2017 година. Промена на кариерата, промени во врската, како и животни промени од кои претходно ви било страв. Сите овие избори се страшни, но ќе се исплатат. Можеби ќе ставите крај на некоја врска, но можеби и повторно ќе се пронајдете себеси.

Рак

Ако треба да ја опишете 2017-та година со еден збор, тој збор би бил „Како“. Како сте ја преживеале навидум најлошата година од вашиот живот? Но сега веќе станува подобро. Само затоа што почнала лошо, не значи дека оваа година нема да заврши како една од најдобрите досега. Почетокот на зимата ќе биде период кога навистина ќе расцутите. Издржете уште малку.

Лав

Вие сте првиот кој бега од врски и внимание од каков бил вид. Состанување – го мразите. Врски – не сакате ништо со нив. 2017-та година за вас е збир од нејасни ситуации и постојано се прашувате како сте го правеле истото секој ден, а не сте полуделе. Но знаете дека најдобро функционирате во средина која другите не ја сакаат. Вие управувате со вашата судбина. Вие се смеете на вашите шеги. А љубовта ќе се појави во вашиот живот и ќе остане дури и кога ќе се обидете да ѝ избегате.

Девица

Сте направиле голем чекор во вашата кариера, и иако ви изгледа страшно, сепак ќе бидете добро. Можеби ви било потребно време да научите да бидете горди на себе бидејќи не се откажувате од вашите соништа. Кога станува збор за љубовта, сте се грижеле за некој кој не го чувствувал истото. Сте жртвувале многу за оваа личност. До крајот на годината, или оваа личност ќе го направи тоа што треба или вие треба да одлучите дека е време за крај. Не заборавајте ја вашата вредност.

Вага

Сте биле многу повредени во последно време. Вие имате рана на која ѝ потребно многу време да зарасне. И само што ќе помислите дека има напредок, вие се враќате неколку чекори назад. Во ред е да ги чувствувате овие работи. Иако можеби се надевате дека љубовта е онаа која ве лекува, тоа што ќе ви помогне не е личност, туку тоа што го правите во слободното време за себе.

Скорпија

Вие сте личност која отсекогаш била премудра за својата возраст. Вие различно ги гледате работите за разлика од луѓето од вашата генерација. Ова било вака отсекогаш. Секогаш сте биле осаменик кој се фокусира на својата цел. Но токму пред крајот на годинава ќе сретнете некој кој размислува како вас и ја има секоја особина која ви е потребна. Отсекогаш сте играле безбедно. Бидете подготвени за личност во вашиот живот која ќе ве натера да почнете да преземате ризици.

Стрелец

Веќе некое време се надевате дека старата љубов ќе се врати. Се надевате дека сè уште има чувства за вас. Вистината е дека никогаш не сте ја заборавиле оваа личност иако не сте разговарале веќе извесно време. Но вие не заслужувате некој кој ве напушта и кој ве повредува. Вие заслужувате некој кој кога ќе ве погледне ќе сфати дека сте најдоброто нешто што му се случило. Можеби нема да ја сретнете оваа личност до крајот на годината, но немојте да губите надеж.

Јарец

Сте имале среќа да пронајдете љубов во вашиот живот. Некој кој изгледа малку грубо, а сепак го сакате со целото ваше срце. Но како пар ќе бидете соочени со пречка. Дали врската ќе продолжи или секој од вас ќе си тргне по својот пат? Мора да се запрашате за што сте подготвени. Но најважно е да откриете дали навистина сакате да го поминете остатокот од животот со оваа личност.

Водолија

Во овој период ќе бидете прогонувани од вашето минато, без разлика дали станува збор за поранешни партнери или луѓе кои ви се допаѓале. Иако сте променети и созреани, овие луѓе ќе мислат само на лошите работи кои сте ги направиле. Не дозволувајте туѓото мислење да ви ја диктира сегашноста. Обидете се да ги поправите грешките, но запомнете дека секој кој се навраќа на вашето минато е само љубоморен на вашата светла иднина.

Риби

Конечно ќе го оставите минатото зад вас и ќе ја пронајдете љубовта која ја заслужувате. Тоа нема да биде личност која ве лаже и која ве тера да се сомневате во вас. Сè што сте им дале на другите конечно ќе ви се врати. Но внимавајте кога ќе се случи ова, бидејќи кога луѓето ќе видат дека сте добро ќе се обидат да ви наштетат или да ве потсетат на тешкото минато.

Погледнете и кои се најголемите заблуди за хороскопот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар