Астрологијата и сексуалната енергија

Каква е вашата сексуална природа? Сакате луд и незаборавен секс или нежни допири и романтики? Сакате да бидете доминантни под чаршафите или му препуштате на партнерот да ја води играта? Дознајте што велат ѕвездите за вашата сексуална енергија.

Астрологијата и сексуалната енергија

Во сексот најтешко се сложуваат огнените и земјените, но и воздушните и водените знаци во хороскопот. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, додека водените се потполно обземени од емоции.

  • Огнените знаци (овен, лав и стрелец) својата сексуалност ја изразуваат со голем ентузијазам. Кога се заинтересирани, тоа го покажуваат јасно и директно. Нивните односи се полни со страст, но најчесто не траат долго.
  • За воздушните знаци (близнаци, вага и водолија) најважна е добрата комуникација. Многу се љубопитни и сакат да експериментираат со различни партнери, па според тоа верноста не им е јака страна.
  • На водените знаци (рак, скорпија и риби) најважни им се емоциите. За да почувствуваат сексуалност, тие мораат да се чувствуваат потполно сигурно и заштитено во врската. Многу се верни и приврзани.
  • Земјените знаци (бик, девица и јарец) сакаат прво да се уверат во искреноста на партнерот и откако тоа ќе се случи, постепено му се предаваат и ги одложуваат сексуалните односи до извесно чувство на стабилност во врската. Кога ќе воспостават блискост со својот партнер, стануваат исклучително страсни и отворено ги покажуваат своите желби. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, туку секогаш чекаат другиот да го направи првиот чекор.

Овен – ловец кој не се плаши да експериментира

Сексот за овните е како лов. Насочени се кон телесно уживање и имаат голема енергија. Во потрагата по потполно уживање, тие сакат да експериментираат, а тоа пак бара голема либералност од нивните партнери. Во сексот овните сакаат да доминираат, но од врската очекуваат нежност, ментална поврзаност и разбирање со партнерот. Кај овој огнен знак нема предигра. Ги возбудува допирање по косата и бакнување по челото и образите.

Бик – преку сексот се ослободува од секојдневието

Биковите физички се многу привлечни. Во првиот контакт се исклучително резервирани, но подоцна во сексот имаат големи очекувања. Во принцип предиграта за нив е најважна, што понекогаш може да го полуди нивниот нетрпелив партнер. Кога се сами со партнерот, биковите искажуваат силна сексуалност без ограничувања. Сексот им овозможува ослободување од досадното секојдневие. Допирањето и бакнувањето на вратот исклучително ги возбудува.

Близнаци – не им робуваат на шаблоните

За близнаците сексот е спој на умот и телото, без учество на она што го нарекуваме душа. Нивните партнери треба да бидат вешти во бакнувањето и спремни за постојано експериментирање. Близнаците не се робови на шаблони. Тие подеднакво ќе уживаат во брз секс на задното седиште од автомобилот, како и во класична целовечерна забава. Колку е поразлично, толку подобро. Ги возбудуваат еротски разговори и допирање на рацете и рамената.

Рак – нежен и страстен љубовник

Сексот со раковите е како нежен танц. Ако ги погодите вистинските движења, сигурно ќе доживеете бескрајно уживање. За раковите сексот пред сè е емоционално искуство, па штом ќе им се разбудат чувствата се претвораат во страсни и посветени љубовници. Интуитивно ги погодуваат желбите на партнерот и многу се трудат да го усреќат. Ерогена зона им се градите, а се возбудуваат и од француски бакнеж.

Лав – секогаш е подготвен

Сексот со лавовите е прилично интензивно и диво искуство, но воедно овозможува и голема забава. Тие секогаш се спремни за акција, па истото го очекуваат и од својот партнер. Сакаат да доминираат, но не ги отфрлаат интересните предлози. Лавовите уживаат во пофалбите за нивната сексуална изведба, па затоа даваат сè од себе да ги исполнат очекувањата. Тие исто така уживаат во предигра и заведување, а се возбудуваат од бакнување по грбот и еротска масажа.

Девица – перфекционист посветен на партнерот

Чувствителни се и нежни љубовници и за нив е многу важно да му пружат задоволство на својот партнер. Во душа се перфекционисти, кои се трудат целосно да ги исполнат своите сексуални фантазии. Припадниците на овој земјен знак, лесно можат да се најдат во улога на оној кој му помага на другиот да го оствари своето задоволство. Девиците се срамежливи и тешко ги покажуваат своите скриени желби. Чувствителна точка им е стомакот.

Вага – обожава предигра и заведување

Како и кај останатите воздушни знаци, така и кај вагите, центарот на нивната сексуалност се наоѓа во нивната глава. И покрај тоа што во јавност делуваат многу пристојно, сексот со нив може да биде навистина едно диво искуство. Сакаат вешти и уверливи партнери кои со сигурност ќе им овозможат задоволство. Вагите обожуваат заведување, а на предиграта ù посветуваат особено внимание. Најзадоволни се кога нежностите и прегратките се проследени и со многу нежни  зборови. Ерогени зони им се долниот дел од грбот и задникот.

Скорпија – нејзиното либидо не познава граници

Во астрологијата, со тек на времето скорпијата станала синоним за квалитетен секс. Припадниците на овој знак се познати по своето хиперактивно либидо. Тие се спремни да пружат сексуално задоволство, но истовремено и да примат нежност. Тие обожаваат да имаат секс како во филмовите, секогаш проследен со различна кореографија која скорпиите ја осмислуваат. Едноставно кај нив мора сè да биде надпросечно. Нивните чувствителни точки се наоѓаат околу половите органи.

Стрелец – колковите најчувствителни

Помеѓу огнените знаци, стрелецот е предводник кога станува збор за сексуалноста. За него сексот е пред сè добра забава и многу страсно искуство, кое нема ама баш никаква врска со емоции. Стрелците се секогаш спремни за акција, не се ни малку срамежливи и не робуваат на шаблони. Најмногу ги возбудува допирање по колковите.

Јарец – страстен и верен

На прв поглед делуваат срамежливо и студено, но всушност јарците спаѓаат во најстрасните и сексуално најактивните љубовници. Тие многу лесно се возбудуваат и притоа својата страст ја пренесуваат на оние со кои се во контакт. Јарците се многу стабилни, страсни и пред сè верни љубовници, кои се грижат да го задоволат својот партнер. Неверојатно ги возбудува допирање и бакнежи по колената.

Водолија – сексот е врска помеѓу умот и телото

За водолијата сексот не е само страст и забава, туку пред сè, начин за поврзување на умот и телото. Додека водат љубов сакаат да разговараат со партнерот. Водолиите се љубопитни, па затоа сакаат постојано да експериментираат. Се трудат да бидат искрени, па тоа го очекуваат и од партнерот. Кога се релаксирани умеат да бидат многу креативни љубовници. Ги возбудува допирање на потколеница.

Риби – сензуални и креативни

Рибите се многу сензуални и креативни љубовници, на кои емоциите им се исклучително важни. Многу се трудат да го задоволат партнерот и да го направат среќен. Нивната срамежливост исчезнува кога ќе стапнат во спалната соба. Ерогените точки им се околу стапалата.

Добри комбинации:

Добар и експлозивен секс е можен во сите комбинации на хороскопските знаци, но кога тие не се компатибилни, постојат големи разлики во нивните желби. Најдобро се согласуваат знаците кои припаѓаат на ист елемент (оган, земја, вода, воздух). Добри сексуални комбинации се можни и со спојување на огнените (овен, лав, стрелец ) и воздушните (близнаци, вага, водолија) и помеѓу водените (рак, скорпија, риби ) и земјените (бик, девица, јарец) знаци. Многу страст може да има и помеѓу огнените и земјените знаци, како и помеѓу воздушните и водените, но нема да трае долго.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар