Ви откриваме кои 5 правила слободно можете да ги прекршите додека сте на диета

Диетите се претежно строги и што е добро, ве тераат да се придржувате до одредени правила. Ако тоа не е така, тогаш од диетата би немало никаков резултат и вие лесно би потклекнале пред некој предизвик. Затоа, имаме одлична вест. Сепак, постојат 5 правила кои слободно можете да ги прекршите, а тоа воопшто да не влијае врз губењето на килограмите.

1-vi-otkrivame-koi-5-pravila-slobodno-mozhete-da-gi-prekrshite-dodeka-ste-na-dieta-www.kafepauza.mk_

1. Избегнувајте ги виното, слатките и помфритот!

Пржената храна, алкохолот и слатките дебелеат, но доколку сте на диета, една топка сладолед, чаша вино или мала порција помфрит, еднаш во две недели нема да направи да имате поголем број килограми. Поточно, тоа нема многу да се одрази на вашата тежина. Не заборавате, конзумирајте ги поретко и во многу мали количини! Доколку се одрекувате од нешто на подолг временски период, а постојано го посакувате тоа, многу побрзо ќе ја отфрлите диетата, отколку кога би си дозволите понекогаш да „погрешите“.

2. Секојдневно за оброк јадете салата

Доколку вашиот оброк е салата, а вие сте многу гладни, тогаш таа најверојатно нема да ви го задоволи гладот, па затоа ќе изедете уште нешто непредвидено. Исто така, во вашата салата може да се најдат состојки кои заедно може да имаат повеќе калории од еден хамбургер! Поентата е да јадете здрава салата и нешто што ќе ви оди заедно со неа и ќе ви даде чувство на ситост. Секако, сето тоа треба да биде вкусно и здраво (на пример, пилешко на скара, зеленчук на скара, супа и друго).

3. За да ги изгубите килограмите мора да вежбате

Добро е да вежбате и би требало да го правите тоа неколкупати во неделата. Со вежбањето се согоруваат вишокот калории, но доколку не јадете нискокалорична храна, тогаш вежбањето нема многу да ви помогне.

3-vi-otkrivame-koi-5-pravila-slobodno-mozhete-da-gi-prekrshite-dodeka-ste-na-dieta-www.kafepauza.mk_

4. Избегнувајте ги јаглехидратите

Од белото брашно и шеќерот би требало да се оттргнете, но лебот од цели зрна, кафеавиот ориз и овесот ќе ви дадат енергија и ќе направат да се чувствувате сито. Овошјето исто така е одлично за диетата, но не заборавајте дека количините мора да бидат ограничени.

5. Сè мора да се мери

Ова е точно, бидејќи броењето на калориите е најсигурен начин да знаете колку калории сте внеле. Сепак, кога јадете навистина здрави и нискокалорични производи како што е зелениот зеленчук, на пример, целер или краставица, не мора да бидете толку ригорозни. Најважно е да знаете до каде е вашата граница и нема да имате никакви проблеми.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар