Мала помош и неколку совети: Како да изградите сопствен стил?

Ако ви е грижа за вашиот изглед и ја сакате модата, тогаш сигурно ви е јасно дека секоја девојка треба да има сопствен стил со кој ќе се издвојува од толпата, но и во кој ќе се чувствува удобно, бидејќи е во склад со нејзиниот начин на живот, личност и вкус. Доколку и понатаму го барате сопствениот стил по кој ќе бидете препознатливи, еве за што треба да водите сметка.

1-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_

1. Вложете пари во парчиња облека кои ќе можете да ги носите подолго време

Модата е менлива, но стилот е вечен. Затоа, доколку сакате да изградите сопствен стил, потребно е да пронајдете парчиња облека кои ќе ви бидат „вечни“ и кои ќе можете да ги носите подолго време, бидејќи тие ќе бидат вашиот заштитен знак. На пример, посебен модел на кожна јакна доколку сакате да се облекувате во рок стил.

2-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_

2. Прилагодете го стилот на облекување со вашиот стил на живот

Доколку сте постојано во движење, сакате удобност, практичност, неформални дружења и слично, најверојатно најдобро ќе ви одговара спортскиот стил на облекување. Од друга страна пак, ако сте постојано во канцеларија и посетувате формални состаноци, професионалниот, елегантен, стил ќе биде вистинскиот за вас.

3-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_

3. Одберете дизајни и материјали кои најмногу ќе ви одговараат

Ова има врска и со стилот на облекување. Дали постојано ќе носите тексас и различни принтови или свила, сатен и други „фини“ материјали, ќе зависи од вашиот стил на живот и потребата кога станува збор за модните комбинации.

4-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_

4. Изберете ги соодветните аксесоари

Стилот го прават деталите, па затоа водете сметка да пронајдете некој аксесоар по кој ќе бидете препознатливи. На пример, нека ваш заштитен знак бидат бразлетните или впечатливите обетки, а можеби дури и марамите. Повторно треба да нагласиме, во зависност од вашиот стил на живот, а со самото тоа и облекувањето, пронајдете ги деталите кои ќе го украсат вашиот стајлинг, но и ќе направат да се издвојувате од толпата. Освен тоа, своите едноставни „класични“ парчиња облека можете успешно да ги освежите со некои тренди парчиња.

5-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_

5. Забавувајте се

Модата треба да биде креативна и забавна! Слободно експериментирајте со својот стил, испробајте повеќе различни работи додека не го пронајдете оној стил кој најмногу ви одговара и кој одново и одново ќе ве инспирира за да го збогатувате и дополнувате. Бидете свои и водете се според сопствениот вкус и чувство за мода и веруваме дека тоа ќе биде навистина доволно за да се истакнете и да изградите ваш сопствен заштитен знак.

6-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар