Кои прашања треба да си ги поставите пред да донесете тешка одлука?

Кои прашања треба да си ги поставите пред да донесете тешка одлука?

Ако некогаш се најдете во ситуација кога треба да донесете тешка одлука и ако едноставно не знаете што да правите – овие 4 прашања ќе ви помогнат и ќе ве наведат да одите во вистинската насока. Не зборуваме само за одлуки поврзани со работата, финансиите или ризични инвестиции – не, ова се прашања што треба да си ги поставите без разлика на сè.

Кои прашања треба да си ги поставите пред да донесете тешка одлука?

1. Каков совет би му дала на некој што го сакам?

Во идеален свет на здрави умови и отворени срца, ние би се сакале себеси исто како што ги сакаме нашите деца и нашите сопрузи. Но, ако малку се мачите со идејата за самољубие, обидете се да ја погледнете ситуацијата од друг агол:

  • Што ако некој што го сакам бил во оваа ситуација – како најдобрата пријателка или мајка?
  • Дали би сакала таа личност да биде во оваа ситуација?
  • Каков совет би имала за неа?

2. Што би сакала да прават моите деца?

Нашите деца нè набљудуваат, го апсорбираат нашето однесување и избори како нивна „нормална“ програма. Каков пример сакаме да дадеме? Што би сакале вашето дете да прави во оваа ситуација?

3. Да сум јас главниот лик во приказната, што би направил тој лик?

Ако вашиот живот е книга или филм, а вие го гледате како набљудувач, што би направил вашиот лик? Вашиот живот е во хаос и постојано наидувате на предизвици и пречки (како и речиси секој лик) – што сега?
Што е тоа што ја прави добра приказната? Приказна што би биле горди да им ја раскажете на другите? Кое е следното поглавје?

4. Дали го правите овој избор поради љубов или поради страв?

Анализирајте и нурнете длабоко во себе. Одговорот може да ве изненади. Дали сте фокусирани на она што ќе го добиете или на она што ќе го изгубите? Дали сте мотивирани од можностите или имате страв од непознатото? Се плашите од промени? Имате страв од неуспех? Дали останувате во врска поради љубов кон партнерот/детето/себеси или од страв да не го напуштите? Не заборавајте дека љубовта нè движи напред и ни ги исполнува срцата. Стравот, пак, нè држи во место.

Откако прочитавте кои прашања треба да си ги поставите пред да донесете тешка одлука, можеби ќе сакате да прочитате и како да поедноставите комплицирана одлука.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар