9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Чантите не се само убави или корисни, тие, исто така, може да влијаат на држењето на телото, па дури и на неговиот облик. Затоа, навистина е важно да знаете да изберете чанта која воопшто нема да му наштети на вашето тело. Можете да следите некои мали совети и трикови за да ја изберете правилно и да бидете сигурни дека таа е добра инвестиција на секој можен начин.

Споделуваме неколку совети и трикови за да откриете дали вашата чанта е идеална и дали е потребно да одбегнувате одредени модели?

1. Изберете чанта што останува близу до тело кога ќе ја ставите на рамото

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Кога ќе изберете ташна која ќе остане близу до вашето тело, тежината на истата ќе биде рамномерно распоредена и таа ќе биде поергономска. Носете ја „поштарски“, така што долгата рачка ќе ви стои на десното рамо, а чантата ќе ви виси на левата страна. Запомнете, се препорачува повремено да ја префрлате чантата од едното на другото рамо.

2. Избегнувајте чанти кои немаат долги рачки

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Избегнувајте модели кои можете да ги носете само во рацете. Изберете чанта чија тежина може да биде поддржана од вашиот грб, рамената или другите посилни делови од вашето тело. Кога ја носите чантата само во рацете, тоа може да предизвика проблеми со лактите, рамото, зглобовите и вратот.

3. Обратете внимание на тежината на чантата

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Навистина е важно да се обрати внимание на тежината на чантата. Имајќи предвид дека носите многу работи внатре, треба да сте свесни дека нејзината тежина ќе расте. Чантата не треба да тежи повеќе од 10% од телесната тежина.

4. Не избирајте чанта со рачки од синџири

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Иако синџирите се предмети кои ја прават ташната помодерна, тие не се најдобриот избор кога станува збор за вашето тело. Тие се тешки и имаат тенденција да вршат притисок врз вашата кожа. Барајте кратки и меки рачки, кои нема да ве повредат.

5. Тестирајте ја чантата!

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Понекогаш работите не се такви какви што изгледаат. Важно е да ја пробате и да ја тестирате ташната пред да ја купите. Може да ја почувствувате, да ја процените нејзината тежина, да видите дали ви се допаѓа начинот на кој таа стои на вашето тело, проверете дали рачката може да ви  предизвика болка, па на тој начин осигурете се дека таа е најдобриот модел за вас.

6. Избирајте помали модели

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Избирајте помали модели, па на тој начин нема да му отежнете на вашето тело. Прво, тие ќе бидат полесни затоа што ќе имаат помалку материјал. Второ, нема да морате да носите многу нешта во нив, затоа што ќе знаете дека нема да ги собере.

7. Избирајте модели кои се добро осмислени

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Доколку чантата има добра форма, цврста подлога и внатрешни прегради. Таа ќе ја држи вашата тежина добро распоредена и вашата рамнотежа нема да биде нарушена. Изберете модел кој ги има овие карактеристики и нема да му наштетите на вашето тело. Големината на чантата не е важна, сè додека ви ја овозможува соодветната поддршка.

8. Избирајте чанти што се потпираат на посилните делови од вашето тело

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Најдобар избор секогаш се оние чанти кои можат да бидат поддржани од посилните делови од вашето тело. Чантичките кои се носат околу струк се одлична опција за складирање на нешта без да барате премногу од вашето тело. Грбот и долниот лумбален пршлен можат да носат поголема тежина од вратот, горниот дел од грбот и подлактиците.

9. Избирајте подебели рачки

9 совети што ќе ви помогнат да изберете чанта која нема да ви предизвикува болки во грбот

Рачките може многу да значат кога ја избирате вашата чанта. Ако се премногу тенки, тоа може да ѝ наштети на вашата кожа, плус ќе треба да внимавате на тежината на чантата. Значи, најдобро е ако изберете од оние чанти кои имаат подебели рачки.

Можеби сакате да ги прочитате и 5-те совети како секогаш да изгледате модерно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар