5 совети како секогаш да изгледате модерно

Наместо да им бидете роб на минливите трендови, поработете на стилот и обрнете внимание на квалитетот на облеката во којашто ги вложувате парите. Овие трикови ќе ви помогнат да изгледате модерно во секое време и другите да ве прашуваат за модни совети.

1. Изберете накит и додатоци што ќе бидат вашата безбедна зона

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monikh Dale (@monikh) on

Иако експериментирањето понекогаш е пожелно, секогаш е добро да имате резервни парчиња накит што ќе ве спасат кога не знаете како да ја заокружите облеката и како да се чувствувате одлично во сето тоа што го носите.

2. Носете облека во којашто се чувствувате одлично

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AGLAË DREYER (@aglaelovinyou) on

Дајте му приоритет на квалитетот, а не на квантитетот. Изберете парчиња облека што ви стојат одлично и што ги истакнуваат најдобрите работи на вас. Колку и да е нешто во мода, ако не ви одговара, помирете се со тоа затоа што веројатно нема да биде во мода подолго од неколку месеци.

3. Облечете се слоевито

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIE HINDKÆR (@mariehindkaer) on

Слоевитото облекување најчесто е најдобриот избор, а можете да направите многубројни комбинации. Но, не претерувајте со премногу различни бои и материјали, ограничете се на максимум три различни во една комбинација.

4. Дајте ѝ приоритет на едноставноста

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sylvia (@sylviahaghjoo) on

Со софистицираната и класична облека не може да погрешите. Кога немате премногу инспирација, комбинирајте едноставни парчиња без несекојдневни кроеви и ќе добиете одличен аутфит.

5. Не занемарувајте ја моќта на монохроматскиот аутфит

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eleonora Carisi (@eleonoracarisi) on

Ако обожавате одредена боја и ако ви стои добро, зошто да не се облечете во таа боја од глава до петици? Монохроматскиот аутфит изгледа многу моќно и смело, а факт е дека со него не може да погрешите.

Погледнете како да го скриете вишокот килограми со помош на боите на облеката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар