8 работи кои треба да ги знаете за протеините

Сите го знаеме значењето на протеините како едно од најважните органски соединенија кои ги внесуваме преку исхраната, а кои се неопходни за развој и правилно функционирање на човекот. Тие се потребни за развивање на мускулната маса, но истовремено го прават поцврст и нашиот организам. Вишокот протеини се претвора во енергија, а недостатокот доведува до намалување на функционалноста на телото. Во продолжение откријте преку кој вид исхрана можете да одржувате оптимална количина протеини во вашиот организам.

8 работи кои треба да ги знаете за протеините

1. Казеин

Казеинот може да се најде во кравјото млеко и во одреден вид додатоци за исхраната. Кога го внесувате, тој се таложи во стомакот и така вашиот организам се снабдува со протеини. Совет: Направите шејк од производи на база на казеин во прав и млеко и испијте го пред спиење.

2. Сурутка

Протеините од сурутката се апсорбираат побрзо во однос на другите протеини и можат да послужат како одлична замена за оброк, кога е потребно брзо внесување на истите. Уште повеќе, протеинот ги содржи сите есенцијални аминокиселини кои се одлични за зголемување на мускулната маса.

3. Риба

Рибата е одличен извор на протеини. Нејзиното консумирање ја подобрува осетливоста на инсулин, а помалку инсулин води до помало насобирање на мастите. Рибата исто така содржи есенцијални аминокиселини и е исклучително важна за здравјето.

4. Пилешко месо

Пилешкото месо веројатно е најпопуларниот извор на протеини. Содржи многу аминокиселини и мал процент масти, со исклучок на кожата. Доколку се консумира редовно, пилешкото месо може да го намали нивото на холестерол во организмот.

5. Јајца

Јајцата се значително богати со протеини, но и со витамини и други минерали. Доколку сакате омлет, искористете цело јајце или три белки од јајца.

6. Говедско месо

Освен што е богато со протеини, говедското месо ги содржи сите важни аминокиселини, како и цинк и железо. Доколку сте во можност, консумирајте еднаш или двапати во неделата за вечера, но не веднаш после вежбање, бидејќи содржи масти.

7. Млеко

Млекото содржи широк спектар на пептиди, кои можат да го подобрат здравјето, но и да го снабдат организмот со потребните аминокиселини. Пијте го пред спиење поради подобро складирање на аминокиселините во вашето тело. Тоа ќе допринесе до побрзо заздравување на мускулите.

8. Соја

Во однос на животинските, растителните протеини имаат помал број аминокиселини и потешко се варат. Меѓутоа сојата се издвојува од другите растенија и лесно се вари, исто како протеините од животинско потекло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар