8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Доколку сте љубители на книгите сигурно сте го искористиле летниот одмор за да прочитате нови и возбудливи романи, приказни и раскази. Но, на прекумерното слободно време му дојде крајот, така што сигурно се прашувате како ќе успеете да одвоите по некој час за читање покрај сите обврски.

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Без разлика дали одите на училиште, факултет, или, пак, работите, веројатно многу често го користите изговорот „Немам време за читање книги“. Тоа можеби е навистина така, но постојат неколку практични совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе без да ги запоставите секојдневните обврски. Можеби не се излежувате на плажа покрај море или езеро, но и читањето дома може да биде исто толку пријатно благодарение на следниве 8 едноставни совети…

1. Поставете си реалистични цели

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Факт е дека нема да можете да читате со исто темпо како за време на летниот период. Прифатете го тоа и поставете си реалистични цели. Ако во текот на летото сте читале по две книги месечно, сега гледајте да прочитате барем по една книга секој месец. Кога ќе успеете да ја постигнете поставената цел, ќе бидете мотивирани да читате уште повеќе.

2. Одете во библиотека

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Најголема мотивација за читање ќе добиете ако бидете опкружени со многу книги. Одењето во библиотека е одличен начин да прочитате многу книги без да го испразните вашиот паричник. Освен тоа, ако не ви се допадне некоја книга, секогаш можете да ја вратите и да ја замените со друга.

3. Читајте во друштво

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Пријателите знаат да бидат одлична мотивација особено ако можете заедно да дискутирате за некоја книга. Дајте си ветување дека ќе ја прочитате книгата што вашиот пријател одамна ви ја има препорачано или, пак, формирајте си сопствен неформален клуб на читатели. Социјалниот аспект на читањето дополнително ќе ве мотивира и инспирира да читате повеќе.

4. Читајте збирки на кратки раскази

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Доколку имате ограничено време за читање, обидете се со збирка на раскази. На овој начин ќе можете да прочитате многу книги за кратко време, а долгите романи оставете ги за периодите кога нема да бидете толку зафатени.

5. Читањето нека стане дел од вашето секојдневие

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Вклучете го читањето во вашата секојдневна рутина и претворете го во навика. На тој начин никогаш нема да можете да кажете дека планирате да читате, а немате време. Секој ден нека ви почнува со едно поглавје од книгата додека појадувате. Пред да си легнете, наместо да го чепкате мобилниот телефон со часови, посветете му се на читањето.

6. Поставете си рокови за читање и обележете ги во календар

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Нема да можете да го одбегнувате читањето доколку ги обележите книгите што сакате да ги прочитате во календар. Постојано ќе имате нешто што ќе ве потсетува која книга треба да ја прочитате следна и до кога, така што со текот на времето тоа ќе ви влезе во потсвеста и ќе стане дел од вашите секојдневни навики.

7. Одберете полесни четива

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Можеби сте прочитале некои огромни класици за време на летото, но таквите книги ќе ви бидат напорни доколку сте пренатрупани со други обврски. Ако одите на училиште или факултет, сигурно веќе имате некои тешки книги кои задолжително морате да ги прочитате. Во тој случај, читајте нешто полесно. Нема ништо лошо во површната белетристиката со едноставен заплет. Најважно од сѐ е да не престанувате со читање.

8. Не заборавајте на аудио книгите

8 едноставни совети кои ќе ви помогнат да читате повеќе

Доколку сакате да извршувате повеќе задачи одеднаш, аудио книгите ќе ви помогнат да читате и да ги завршите сите обврски истовремено. Без разлика дали миете садови или одите пеш до факултет, аудио книгите се идеалната музика за вашите уши.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар