5 нешта кои не се сметаат за неверство, без разлика колку страшно ви изгледаат на прв поглед

Да се биде во сериозна врска некогаш е навистина тешко, особено за оние личности кои имаат потешкотии со довербата. Реалноста е дека никогаш не можете со сигурност да знаете дали тој/таа ве изневерува, освен ако не ги следите во секој чекор. Имајќи го тоа на ум, секоја здрава личност која е сигурна во себе и својата врска никогаш не би направила нешто такво. Едноставно нема потреба да се грижите дури и за најмалите скоро нереални ситници, бидејќи љубомората никогаш не завршува со добро. Токму затоа погледнете ги следниве совети кои ќе ви помогнат да се смирите и да сфатите дека можеби сè е во вашата глава.

5 нешта кои не се сметаат за неверство, без разлика колку страшно ви изгледаат на прв поглед

1. Не добивате одговор на пораката во рок од 3-2 секунди

Знаете што значи ако не добиете одговор веднаш? Дека најверојатно тој или таа е зафатен/а и во моментов не може да дојде до мобилниот телефон. Не е ниту здраво, ниту продуктивно за вас и вашата врска доколку веднаш почнете да го претпоставувате најлошото.

2. Тој излегува со пријателки насамо или таа излегува со пријатели насамо

Ова е малку тешко за разбирање, бидејќи времето поминато еден на еден со личност од спротивниот пол најчесто поттикнува мисли за секс, но погодете што? 2 возрасни личности од спротивниот пол се сосема способни да поминуваат време заедно без притоа да бидат голи. Доколку постојано му/ѝ зборувате дека се сомневате во изборот на неговото/нејзиното друштво, тој или таа со сигурност со тек на време ќе станат огорчени кон вас.

3. Тој има само женски пријателки или таа има само машки пријатели

Постои еден мит дека женските пријатели на момците се само девојки со кои тие сè уште не спиеле, но планираат да го направат тоа со тек на време. Но, ајде застанете малку и добро размислете. Дали и вие сакате да спиете со сите ваши пријатели од спротивниот пол? Токму така. Сите ние сме само луѓе и имаме пријатели од сите видови, големини и верувале или не, полови.

4. Има потреба од слободно време

На почетокот од вашата врска, за време на периодот добро познат како „меден месец“, вие сигурно едвај сте ја напуштале спалната соба. Всушност толку многу време сте поминувале заедно што не помните период кога не сте се виделе подолго од само неколку часа. Со ова темпо, со тек на време, вие ќе посакате малку слобода и простор за дишење. Доколку тој или таа едноставно посака да прескокне некој викенд со вас, тоа не значи дека има нова личност во неговиот живот, туку дека едноставно сака да помине малку време со себе.

5. Намалување на нагонот за секс

Постојат милиони можни причини зошто тој или таа нема да сакаат секс со вас во секое време. Но, вие исто така не треба да го игнорирате овој проблем во спалната, туку едноставно искрено да разговарате пред да го претпоставите најлошото. Можеби станува збор за проблем кој може лесно да се реши и брзо да ви го тргне товарот од вашата душа.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар