30 прашања што ќе ви ја променат перцепцијата на животот: Сакате да живеете или да преживувате?

30 прашања што ќе ви ја променат перцепцијата на животот: Сакате да живеете или да преживувате?

Најдобриот начин на кој можеме да му помогнеме на некого е да му ги поставиме вистинските прашања на кои одговорот доаѓа после длабокото размислување. Не e секогаш најважен одговорот, туку многу често е поважно вистинското прашање. Кога човекот е сам и нема кому да се обрати, бидејќи му е срам или не знае ниту самиот што точно го мачи, тогаш е идеално време да си ги постави следните прашања. Одговорите ќе му дадат подобар увид во тоа што му се случува, а со самото дефинирање на проблемите ќе се најде на половина пат до решението.

1-30-prashanja-vo-vrska-so-vashiot-zhivot-shto-bi-izbrale-da-zhiveete-ili-da-prezhivuvate-www.kafepauza.mk_

1. Да не знаете колку сте стари, колку години би сте си дале?

2. Дали би жалеле на смртната постела што не сте направиле нешто повеќе или не сте кажале нешто што сте сакале?

3. Да е просечното траење на човечкиот живот 40 години, што би промениле?

4. Ако среќата е пари, што би ве збогатило?

5. Дали попрво би ја направиле вистинската работа или би ги правеле работите на вистинскиот начин?

6. Што е подобро: Загрижен генијалец или пресреќен болен човек?

7. Дали попрво би ги изгубиле сите стари сеќавања или би прифатиле да не можете да создавате нови сеќавања?

8. Можете ли да ја дознаете вистината, а да не ја предизвикувате?

9. Дали некогаш навистина сте го доживеале вашиот најголем страв? Ако не се случило тоа, кој е вашиот најголем страв?

10. Дали живеете или преживувате?

2-30-prashanja-vo-vrska-so-vashiot-zhivot-shto-bi-izbrale-da-zhiveete-ili-da-prezhivuvate-www.kafepauza.mk_

11. Дали денес сте направиле нешто за коешто ќе се сеќавате во иднина?

12. Правите ли нешто во што верувате? Или само преживувате?

13. Колку во минатото навистина сте имале контрола над вашиот животен пат?

14. Доколку ви побараат само еден совет, што би кажале?

15. Ја гледате ли границата помеѓу креативноста и лудоста?

16. Доколку можете да промените само една работа во светот, што би било тоа?

17. Дали би замениле 10 години од својот живот за популарност или убавина?

18. Дали би работеле помалку или повеќе, но она што го сакате?

19. Дали понекогаш имате чувство дека секој ден ви е ист?

20. Ако луѓето учат од своите грешки, зошто толку многу се плашат да ги направат?

3-30-prashanja-vo-vrska-so-vashiot-zhivot-shto-bi-izbrale-da-zhiveete-ili-da-prezhivuvate-www.kafepauza.mk_

21. Зошто работите кои ве усреќуваат вас, не ги усреќуваат сите луѓе?

22. Зошто сте вие – вие?

23. Што би направиле поразлично доколку сте опкружени со луѓе кои нема да ве осудуваат?

24. Што навистина сакате во вашиот живот?

25. Дали одлучувате за себе или за некој друг?

26. Ако знаете дека ќе умрете, како ќе живеете?

27. Што е полошо, да не успеете во нешто или никогаш да не пробате?

28. Што е она што го држите, а би требало да го пуштите?

29. Дали сè уште ви влијае нешто што ве мачело пред 5 години? Зошто?

30. Ако не сега, тогаш кога?

Овие прашања ќе ви овозможат да размислувате подлабоко за себе и за својот живот, без ситниците кои секојдневно ве оптоваруваат. Честопати сите ние се губиме во ситниците кои ни пречат, но со насочувањето на свеста кон нешто поголемо и поважно полесно ќе ги пронајдете решенијата на вашите проблеми.

Вистинските прашања може да направат чуда за вашиот живот, а овие прашања треба да си ги поставите за да го извлечете максимумот од себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар