12 типови болка кои се директно поврзани со емоционалните состојби

12 типови болка кои се директно поврзани со емоционалните состојби

Колку емоциите влијаат на хроничната болка? Според д-р Сузан Бабел, психолог кој специјализира во областа на депресијата предизвикана од траума, емоциите имаат големо влијание.

„Истражувањата покажуваат дека хроничната болка може да биде предизвикана не само од физичка повреда туку и од стрес и емоционални повреди. Физичката болка функционира на тој начин што ја предупредува личноста дека сѐ уште има емоционална работа која треба да се доврши“ – вели д-р Бабел за „Психологија денес“.

12 типови на болка кои се директно поврзани со емоционалните состојби

Па, што тогаш кажува хроничната болка што една личност ја чувствува за нејзината емоционална состојба?

1. Главата

Главоболките и мигрените можат да бидат предизвикани од стресот со кој се соочуваме секојдневно. Ако една личност хронично страда од главоболки, би требало да одвои малку време за себе. Не само еднаш, туку секојдневно. Ослободувањето на телото од стресот може да помогне при намалувањето на главоболката.

2. Вратот

Спротивно на популарните верувања, болката во вратот не значи дека децата ве полудуваат. Болката во вратот ја означува потребата за простување. Може да биде простување на друга личност или простување на самите себе. Важно е да се размисли за нештата кои ги сакате за себе и нештата кои ги сакате од другите, за да можете успешно да ја победите оваа болка.

3. Рамената

Болката во рамената е знак дека личноста носи тежок емоционален товар. Всушност, тие сѐ носат на себе. Обидете се да најдете начини кои би можеле да го решите овој емоционален проблем или да го споделите со блиските пријатели или семејството.

4. Горниот дел од грбот

Недостатокот на емоционална поддршка може да се манифестира во болки на горниот дел од грбот. Можеби личноста не се чувствува ценето или почитувано или пак ги крие во себе чувствата на љубов. Ако сте во врска, можеби треба да поразговарате за вашите чувства со својот партнер. Ако сте сингл, тогаш време е да престанете да бидете.

5. Долниот дел од грбот

Болките во долниот дел од грбот можат да значат дека имате финансиски грижи. Обидете се да се фокусирате повеќе на менаџирањето и организацијата на парите или најмете финансиски планер. Можеби конечно е време да го побарате заслуженото покачување на платата.

6. Лакти

Болките во рацете и лактите означуваат недостаток на флексибилност. Можеби личноста дава отпор на природните промени кои се случуваат во нејзиниот живот. Обидете се да ги размрдате малку работите и да ѝ дозволите на „животната струја“ да ве води. Борбата со промената носи само проблеми.

7. Дланките

Недостатокот на пријатели може да предизвика болка во дланките. Обидете се да го проширите кругот на пријатели, да стекнете нови или излезете на ручек со колегите. Поминувајте повеќе време во средби со нови луѓе.

8. Колковите

Стравот од промена, од преселување и од чекањето да се донесе некоја голема одлука може да предизвика болки во колковите. Направете ја промената која ви е потребна и преселете се доколку мислите дека ќе помогне. Направете го правилниот избор и држете се до него до крајот.

9. Колената

Болката во колената може да значи дека личноста има високо мислење за себе. Поминете некое време волонтирајќи и сетете се дека сите луѓе се смртни. Никој не е совршен.

10. Листови

Емоционалниот стрес, напнатоста, тензијата или љубомората се чести предизвикувачи на болка во листовите на нозете. Можеби е време да се ослободите од работите кои ви предизвикуваат стрес во секојдневниот живот или пак од љубомората.

11. Глуждови

Болката во глуждовите може да се јави доколку на личноста ѝ треба повеќе задоволство во нејзиниот живот. Време е да си посветите малку време и на себе и да го разбудите љубовниот живот.

12. Стапала

Депресијата може да доведе до болка во стапалата. Тешка е борбата со депресијата и уште потешко е да се победи, но има неколку нешта со кои можете да го возвратите ударот. Обидете се да најдете ново хоби или да посвоите милениче. Пронајдете нешто кое ве прави среќни и ви причинува радост и задоволство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар