„Лажна“ Шварцвалд торта за која не треба печење!

Едно од најпопуларните пекарски задоволства кое е на многумина омилено е познатата Шварцвалд торта, во чија авантуристичка подготовка почетниците не се осмелуваат да учествуваат. Но, дека класичната комбинација на вишни, чоколадо и крем од слатка павлака може да биде многу поедноставна за правење, а сепак вкусна, го докажува рецептот за варијантата на познатата торта која не бара ниту печење.

Лажна Schwarzwald торта за која не треба печење!

Потребни состојки:
  • 500 г пишкоти
  • 425 г компот од вишни
  • ½ шолја џем од вишни
  • 250 мл изладено кафе
  • 900 мл слатка павлака за шлаг
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила/ванилин шеќер
  • 50 г рендано чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
  1. Исцедете ги вишните и зачувајте го сокот. Потоа, во него додадете го ладното кафе и добро промешајте.
  2. Исцедените вишни исечкајте ги на ситни парчиња и помешајте ги со џемот додека не добиете хомогена смеса.
  3. Во слатката павлака додадете една супена лажица шеќер и екстракт од ванила. Изматете додека не добиете цврст шлаг.
  4. Подгответе го послужавникот во кој ќе ги редите состојките и кој ќе ви го собере во фрижидерот. Одвојте 6 пишкоти и секоја малку натопете ја во смесата од кафе и сируп. Потоа, ставете ја на послужавникот и повторете го процесот со преостанатите 5 пишкоти, редејќи ги една до друга.
  5. На пишкотите, во тенок слој, ставете ја смесата од џем и вишни. Додадете ја изматената слатка павлака и повторете го истиот начин на редење додека не се потрошат пишкотите со кои ќе го завршите десертот.
  6. Оставете ја тортата во фрижидерот 3 часа, а потоа премачкајте ја со остатокот од слатката павлака и обилно посипете ја со ренданото чоколадо за готвење.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар