10 причини зошто вашата ќерка е најголемиот подарок што некогаш сте го добиле

10 причини зошто вашата ќерка е најголемиот подарок што некогаш сте го добиле

Откако ќе се породите и за прв пат насамо ќе ја земете во раце вашата ќерка, знаете дека вашиот живот се сменил на подобро. Тоа е најголемиот подарок кој некогаш сте го добиле.

0-10-prichini-zoshto-vashata-kjerka-e-najgolemiot-podarok-shto-nekogash-ste-go-dobile-kafepauza.mk_

1. Таа ви е најдобриот пријател

Заедно се смеете, додека јадете сладолед кој ви се топи и ви капе по рацете. Се „туткате“ заедно под јорганите. Се сакате безусловно, се извинувате кога ќе грешите, си верувате, поврзани сте и комуницирате. Времето поминато задно ви претставува вистинско богатство.

2. Нејзината убавина ви го одзема здивот

За вас не постои поубава личност од неа, однадвор и однатре. Нејзиното милостиво срце, авантуристички дух и мили очиња секој ден ќе ве потсетуваат дека сè уште има добри нешта на овој свет.

3. Таа ќе се грижи за вас кога ќе остарете

Таа ќе се грижи за вас кога вие веќе нема да можете. Можеби ќе зависите од неа, но кога ќе дојдете на крајот од животната патека нема да постои личност со која ќе посакате да поминете повеќе време.

4. Таа се огледува на вас

Додека е малечка таа мисли дека можете да ја прегрнете месечината. Го прифаќа во целост она што го велите, само затоа што вие го велите. Секогаш е на ваша страна кога светот ви вели дека не сте доволно добра, важна или паметна. Таа секогаш верува во вас!

5. Нејзината насмевка е заразна

Без разлика што ви носи денот, насмевката на вашата ќерка ќе направи светот повторно да ви изгледа како добро место, барем на момент. Таа е моќна, магична и духовна.

6. Вашата врска е нераскинлива

И кога се тинејџерските години во прашање, кога имате многу несогласувања и долги дискусии, вашата врска останува нераскинлива. Таа е многу важна и бесценета.

7. Таа е ваша и горда сте што ја нарекувате така

Фалете се со ќерка ви без извинување. Светот треба да знае дека тоа прекрасно, мило, внимателно, слатко, паметно и талентирано дете ви припаѓа вам. Таа е најголемиот извор на гордост.

8. Таа е единствената работа која знаете дека е правилна

За колку и работи да сте погрешиле, таа никогаш нема да биде една од нив. Погледнете ја и ќе знаете дека сте сториле нешто правилно во вашиот живот.

9. Таа е најдоброто од вас и од татко ѝ

Сè што сакате кај нејзиниот татко ќе го пронајдете и кај неа. Вашите предности се очигледни кај неа. Таа го поседува најдоброто од вас двајца без многу маани.

10. Таа ќе биде ваша засекогаш

Тој бесценет извор на среќа и задоволство е ваш. Таа е вашата ќерка, вашиот живот, вашата светлина. Таа е ваша. И синот е ваш сè додека не се ожени, но ќерка ви е ваша до крајот на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар