Аргета во нова амбалажа: Омилената паштета со истиот врвен квалитет отсега во полесно и потрајно пакување

Аргета, еден од најомилените брендови на овие простори, производ кој претставува синоним за врвен квалитет, отсега може да се најде со нова подобрена амбалажа и модерен дизајн, но со истиот препознатлив вкус. Новата амбалажа овозможува едноставно отворање на добро познатиот, луксузен квалитет на омилената паштета.

Креирана според потребите на современите потрошувачи, сега во алуминиумско пакување, Аргета е посигурна и побезбедна за околината, подостапна за потрошувачите, обезбедувајќи премиум квалитет од внатре и надворешно. Грижливо одбраните состојки, свежите зачини и најдобрите парчиња месо прават Аргета да се разликува од останатите паштети. Секоја Аргета треба да биде со врвен квалитет, и токму затоа производството се одвива под строга контрола која го прати производот од суровината до амбалажата.

argeta-vo-nova-ambalazha-omilenata-pashteta-so-istiot-vrven-kvalitet-otsega-vo-polesno-i-potrajno-pakuvanje-kafepauza.mk

Врвниот квалитет, кој е во хармонија со одличниот вкус, сега е поддржан и од новото модерно и еколошки препорачлива амбалажа која подобро ги нагласува свежината и високиот квалитет на Аргета.

Алуминиумската амбалажа е полесна, потрајна, лесно се рециклира и на тој начин придонесува кон заштитата на животната средина и примена на еколошките стандарди. Мислејќи и грижејќи се на генерациите кои денес растат, а не загрозувајќи ги правата на оние кои допрва доаѓаат, цел на новата подобрена амбалажа е најмало можно влијание на околината.

Поради тоа Аргета е одлична како надворешно, така и од внатре. Високиот квалитет и безбедноста во 2013 година го потврдија и мајките, најстрогите судии на квалитетот на Аргета, кои имаа можност да ја посетат фабриката каде се произведува Аргета.

3-argeta-vo-nova-ambalazha-omilenata-pashteta-so-istiot-vrven-kvalitet-otsega-vo-polesno-i-potrajno-pakuvanje-kafepauza.mk

Мајките имаа увид во целиот процес на производство, и лично се уверија дека Аргета е направена од одбрани парчиња чисто месо, природни зачини и растително масло, правејќи внимателен преглед на целата афбрика и со својот потпис да го потврдат квалитетот на Аргета и да го дадат својот потпис „Одобрено од мајките“.

Производството на Аргета е според највисоките меѓународни хигиенски стандарди, во склад со меѓународните HACCP системи, со кои се обезбедува највисокото ниво на безбедност во процесот на производство. Врвниот квалитет е повеќекратно потврден со различни сертификати и награди, а производите Аргета имаат добиено и Халал сертификат од Исламската заедница за производство.

2-argeta-vo-nova-ambalazha-omilenata-pashteta-so-istiot-vrven-kvalitet-otsega-vo-polesno-i-potrajno-pakuvanje-kafepauza.mk

Аргета – модерен бренд кој ги следи трендовите

Аргета денес се смета за најголем производител на паштети во Европа, со продадени околу 100 милиони производи оваа година. Може да се најде на полици во продавници во повеќе од дваесет земји, со препознатлив имиџ и изградени релации со потрошувачите. Со новото пакување, дизајнирано во согласност со најновите трендови, Аргета дополнително ја зајакнува својата позиција пред конкуренцијата. Покрај новото пакување таа има и редизајнирана веб страна, на која се наоѓаат свежи содржини и голем број на совети, кои можат да го направат поинтересен нашиот секојдневен живот. Посетете ја страната и запознајте се одново со Аргета-брендот!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар