Мартинијан Кириловски ја запроси Лара во Рим: „Од денес официјално моја“ (ВИДЕО)

Мартинијан Кириловски ја запроси Лара во Рим: „Од денес официјално моја“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски има прекрасен повод за славење – тој ја запроси својата девојка Лара Денковиќ за време на романтично патување во Рим.

Вечниот град, кој важи за една од најромантичните дестинации во светот, овојпат стана место каде што нивната љубовна приказна доби ново поглавје.

Мартинијан ја сподели убавата вест на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од запросувањето и вереничкиот прстен, а во описот напиша:

„Од денес официјално моја!“

Неговата објава веднаш предизвика бројни реакции и честитки од пријатели, колеги и обожаватели, кои им посакаа многу љубов, среќа и заеднички убави моменти.

По запросувањето, Мартинијан и Лара продолжија да уживаат во убавините на италијанската престолнина, прошетувајќи низ историските улици и знаменитости на Рим.

Честитки за идните младенци oд редакцијата на кафе пауза!

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар