Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

Нели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.

Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

Доколку сакате да однесете во кревет некој од нив, немате никаква причина за грижа. Направете план сочинет од список на сексуални желби, а тој/таа ќе биде среќен/а да се потчини на секоја од нив. Тие носат во себе голема страст и ќе сакаат да ги испробаат сите можни секс пози, а вие доколку сакате да има и втор пат, ќе морате да ги задоволите сите нивни барања. Немојте да се однесувате авторитетно или премногу емотивно со некој од огнените знаци, бидејќи ним не им се допаѓа тоа. Наместо тоа задоволете ги на сите можни физички начини и на крајот искрено кажете им дека ви е време за спиење. Не би штетело доколку им кажете дека имаат божествено тело.

Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

Однадвор земјените знаци изгледаат како да им е грижа за сè освен за секс, но доколку имате прилика да завршите во кревет со некој од нив, ќе бидете изненадени од моќта која ја имаат во физичкиот свет. Ако еднаш се заплеткате со земјен знак, никогаш нема да сакате да го оставите, бидејќи тие се најсексуалните знаци во зодијакот. За нив сексот претставува природна ствар, која постои откако постои човештвото. Бидете природни и релаксирани за да доведете некој земјен знак до лудило. Охрабрете ги самите себеси да си изразат голема почит за работите кои најдобро умеат да ги прават, а тие за возврат ќе ве направат комплетно задоволен љубовник.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

Воздушните знаци го користат умот за да го пронајдат своето сексуално задоволство, па за да однесете некој од нив во кревет потребен ви е голем ментален напор. Можеби ова ви звучи како тешка задача, но доколку еднаш успеете да им го освоите срцето, тие како камелеон ќе се приспособат на секоја ваша желба без грам напор. За овие знаци страста претставува интелектуален стимуланс, а сексуалните интеракции се ствар на договор помеѓу партнерите. Дознајте кој е нивниот омилен сексуален амбиент и побарајте го нивното мислење за различни теми, но немојте премногу да се возбудувате во врска со нивните предлози. Едноставно останете рационални и одржувајте го нивниот ум активен и наскоро ќе дознаете дека интелектуалните стимуланси навистина ги „палат“ воздушните знаци.

Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби

Водените знаци се најенигматичните знаци во зодијакот, кои умеат да ви го овозможат најдлабокото сексуално задоволство кое никогаш не сте го ни сонувале. Меѓутоа за да го заслужите тој третман, потребно е прво емотивно да се поврзете со нив, комплетно да ги разберете и да изградите однос базиран на доверба и блискост. Ако вие сте таа личност која ќе успее да го разбере и поддржи водниот знак на милион начини, тој за воврат ќе ви ги прошири сексуалните хоризонти, при што ќе искусите кралски задоволства и искуство за кое не сте верувале дека е возможно. За да заведете некој од овие знаци, однесете го покрај вода: во езеро, река или во када полна со топла вода и миризлива купка, за да направите да се чувствува релаксирано и љубено. Исто така, не штедете на романтика.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Lile Reply

    …najvazno za bodenite znaci ne stedete na romantika!!!

Напиши одговор на Lile Откажи одговор