За што најмногу се расправате со партнерот според вашиот хороскопски знак

Дали се чувствувате како постојано да ги имате истите расправии, без разлика со кого сте во врска? Ова може да биде навистина фрустрирачко, но изгледа и вашиот хороскопски знак има влијание. Всушност, постои едно нешто за кое се расправате најмногу според вашиот хороскопски знак.

За што најмногу се расправате со партнерот според вашиот хороскопски знак

Најчесто расправиите се поради очекувањата од врската, како и вашите лични граници. И двата фактори можат да зависат од вашиот хороскопски знак, па погледнете што најчесто е тема на расправија во вашите врски според вашиот знак од Зодијакот.

Овен

Додека овој огнен знак може да има лош темперамент, најчесто се расправија и се брани за нешто што направил без размислување. Овните се луѓе кои реагираат врз нивниот инстинкт и се навистина импулсивни. Иако често ова им е од корист, тоа што не се консултираат со партнерот може да предизвика гнев и фрустрација, особено ако се повторува повеќе пати.

Бик

И покрај нивните топли и лојални срца, Биковите настојуваат да бидат материјалисти. Тие не очекуваат само љубов од врската, туку сакаат и луксуз и финансиска сигурност. Па, често ги контролираат трошоците. Биковите сакаат да се осигурат дека парите се заработени, заштедени и „правилно“ потрошени.

Близнаци

Поради нивната динамика, Близнаците не можат да поднесат здодевност во врската. Поради ова, нивните расправии најчесто се за да ги зачинат нештата. Тие ќе започнат расправија и за најбаналните работи, само за да им биде интересно во тој момент.

Рак

За чувствителните Ракови секоја расправија е за едно нешто – нивните чувства. Дури и најмалото нешто може да направи Ракот да се чувствува нападнато, а овие емоционални рани ги чувствува длабоко. Доколку сакате да ја смирите ситуацијата, најдобро е да се обидете да ги разберете емоциите на Ракот, наместо да ја барате самата причина за расправата.

Лав

За оптимистичките знаци како Лавот, расправиите се навистина ретка појава. Но кога ќе дојде до нешто такво, овој огнен знак не се предава лесно. Она што може вистински да го разгневи Лавот е неговото повредено его. Доколку го посрамотите Лавот, очекувајте расправија.

Девица

Постојат многу причини зошто Девиците се одлични партнери. Секогаш можете да сметате на нив и ќе дадат сè од себе за да се чувствувате посебно. Но бидете подготвени на безброј мали расправии за ситниците што Девицата не може да ги поднесе.

Вага

За Вагите, во врската најважна е рамнотежата. Па додека тие даваат и даваат во врската, го очекуваат истото и од партнерот. Доколку почувствуваат дека не добиваат доволно, подгответе се за расправија. Во овие ситуации Вагите се чувствуваат искористено и им се руши целиот свет.

Скорпија

Доколку некогаш сте биле во врска со Скорпија, веројатно знаете дека љубомората им е навистина слаба страна. Овој воден знак е во допир со своите емоции и најмногу од сè сака партнер на кого може да му верува со целото срце. Но ова може да биде навистина тешко, бидејќи Скорпиите секогаш изгледаат како да заземаат одбранбена положба.

Стрелец

Доколку сакате Стрелецот да биде среќен во врската, потребно е да му дадете многу личен простор. Штом овие луѓе ќе се почувствуваат заробено, или ќе почнат расправија, или едноставно ќе си заминат.

Јарец

Амбициозните Јарци се навистина фокусирани на нивните кариери и цели. Поради ова, многу често нивниот партнер се чувствува запоставено. Па за овие луѓе сите расправии како да се сведуваат на едно нешто – пречесто работење и немање рамнотежа помеѓу работата и љубовниот живот.

Водолија

За уникатните Водолии може да биде вистински предизвик да најдат партнер кој вистински ќе ги разбере. Сè додека не ја пронајдат вистинската личност, Водолиите ќе се расправаат и за најмалите нешта, најмногу бидејќи се чувствуваат неразбрано.

Риби

Доколку има некој кој најмногу вложува во врските, тоа се Рибите. Но понекогаш овие луѓе се обидуваат да ја зачуваат хармонијата во врската така што кријат работи за кои мислат дека би го разочарале партнерот. Чувањето тајни, големи или мали, е ефективен начин да се започне огромна расправа која може да значи и крај на врската.

Дознајте и како се однесува секој хороскопски знак кога ви е налутен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар