Водолија и Риби - љубовна комбинација

Водолија и Риби – љубовна комбинација

Љубовните партнери со хороскопски знаци Водолија и Риби умеат да создадат убава заедничка иднина, бидејќи нивната врска е базирана на почит и разбирање. Рибите постојано „пловат“ во нивните фантазии, а Водолијата константно смислува некоја нова инвентивна идеја и креативен начин за успешно извршување на работите.

Водолија и риби - љубовна комбинација

Водолијата и Рибите навлегуваат длабоко во коренот на актуелните проблеми во нивниот живот и заеднички се обидуваат да пронајдат некакво решение. И двата знака се интроспективни, односно ја анализираат нивната внатрешност.

Водолијата веднаш ги осудува оние луѓе кои не ја делат нејзината визија, додека Рибите се полни со разбирање, дури и за оние кои не го заслужуваат тоа. Овие два знака се одлични пријатели и љубовници. Конфликтите помеѓу нив двајца се ретка појава, но Водолијата понекогаш може да изгледа премногу интелектуално и „студено“ во очите на Рибите. Различната реакција на партнерите во дадена ситуација, може да предизвика „процеп“ во нивната инаку стабилна љубовна врска. Водолијата ги брка од себе оние луѓе кои не се согласуваат со нејзиното мислење, додека Рибите лесно ги прифаќаат туѓите маани. Во некои ситуации овие партнери може да имаат недоразбирања, но генерално тие лесно си опростуваат и брзо забораваат.

Водолијата е управувана од планетите Уран и Сатурн, а Рибите од Јупитер и Нептун. Уран се фокусира на радикалните и иновативни идеи кои ги има Водолијата. Влијанието на Сатурн и дава на оваа врска енергија за спроведување на овие идеи, како и способност за организација на сите детали кои ќе одведат до постигнување на целта. Јупитер се однесува на филозофскиот дух, сочувството и способноста за подучување други која ја имаат Рибите. Нептун се фокусира на спиритуалноста што ја поседуваат Рибите, благодарение на која тие секогаш имаат волја комплетно да ги разберат генијалните и возбудливи идеи на нивната Водолија.

Секогаш кога Водолијата доаѓа до нова идеја, нешто кое често се случува, Рибите се желни да ја разберат на едно интуитивно ниво. Водолијата и Рибите се надополнуваат на интелектуално и емоционално ниво. Врската ја придвижуваат чувства и ставови, во зависност од ситуацијата. Оваа врска претставува флексибилна и прогресивна заедница во која секогаш се случуваат многу нешта. Рибите секогаш своето внимание го вперуваат во интересите на Водолијата, која од смирениот партнер учи како да биде толерантна и „топла“.

Овој пар одлично соработува. Иако некогаш знаат да не се согласуваат, сепак разликите во мислењата помеѓу Рибите и Водолијата не траат долго. Конфликти можат да настанат бидејќи Рибите имаат потреба од емотивна поддршка и нежност, а Водолијата преферира да изнесува нови идеи пред романтиката.

Водолијата секогаш иницира некакви промени, а Рибите ги прифаќаат доколку тие им помагаат и ја подобруваат врската. Кога овие двајца партнери се заедно, тие никогаш не се караат околу тоа кој ќе биде награден за нивните остварувања.

Двата знака подобро се снаоѓаат во отпочнување на нештата, отколку во нивно завршување. Доколку на Водолијата ѝ стане досадно во врската, Рибите многу лесно го согледуваат тоа и продолжуваат понатаму со животот.

Најдобриот аспект од комбинацијата Водолија – Риби е заедничкиот интерес на партнерите за култивирање на знаење и прифаќање на модерните и космополитски идеи. Тие се усогласени во нивниот ентузијазам, енергија и во желбата за вистинска, отворена и искрена врска. Нивните заеднички интереси и карактери ја прават оваа врска компатибилна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. monika Reply

    Moze da objavite za ribi i ribi kombinacija 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Вчера започна периодот на рибите Моника, така што до 20 март ќе биде објавено се што планираме за знакот риби 🙂

  2. ivana Reply

    Zoshto nema kombinacija lav i devica???

  3. FANCE Reply

    MI SE DOPAGA SAMO VE MOLAM AKO MOZE MALKU PODOLGI DA BIDAT OBJASNUVANJATA ZA SITE ZNACI I PODZNACI I MESEC PO MOZNOST SE RAZBIRA ODNAPRED VI BLAGDARAM OD SE <3 POZDRAV

Напиши одговор на monika Откажи одговор