Оваа сезона на Скорпиите ќе биде најдобра за следниве 3 хороскопски знаци

Секоја хороскопска сезона со себе носи нешто уникатно. Сезоната на Скорпии ќе биде најдобра за сите кои се родени во хороскопските знаци Рак, Скорпија или Риби. Оваа сезона почнува од 23 октомври и трае до 21 ноември.

Оваа сезона на Скорпии ќе биде најдобра за следниве 3 хороскопски знаци

Рак: Живеете најдобро што знаете

Оваа сезона ќе се почувствувате како да сте повторно во својата кожа. Ќе ви се вратат желбата за креативност, романса и автентичност. Овие три карактеристики ќе направат хармонична поврзаност оваа сезона. Токму поради тоа, ова ќе биде најмоќен месец за вас. Останете фокусирани на вашите поголеми цели и правете сѐ што ве чини среќни. Заврши времето на задоволување на туѓите потреби.

Скорпија: Прославувате уште еден пат околу сонцето

Среќен роденден Скорпии! Имате за што да бидете благодарни секој ден, особено кога сте во можност да славите уште една година живот. Ќе примите уште еден бран енергија која не сте ја очекувале. Користете ја оваа енергија паметно. Сонцето, Меркур и Венера ќе направат хармонична врска со вашата креативност и изразувањето кон луѓето.

Риби: Ве потсетуваме на вашата енергична душа

Каде се гледате себеси за пет години? Вие не сте тип кој планира, но време е навистина да размислите во кој правец го водите животот. Сите имаме внатрешен компас кој нѐ води, иако понекогаш е тешко да се видат сигналите. За среќа, ѕвездите ќе ви упатат позитивна енергија за нови можности, патувања и образование. Поради Јупитер ќе имате среќа и инспирација, а сето останато е препуштено на вас.

Од друга страна пак, оваа недела ќе биде тешка за овие 3 хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар